Хахах, не беше толку блиску, некако на сликата изгледаат поблиску заради камерата. Ама да, ги набутаа колите како сардини, читав за ова и пред да одам, се жалат луѓе на гребаници и вдлабнато ако се погоди малку побурно море.
На враќање се паркирав на горната палуба, таму е многу подобро како ги паркираат и е отворена палуба (сликата погоре е од "подрумот" каде се паркираат и камиони/автобуси).
Препорака да ја качувате колата на горната палуба за коли ако некогаш некој плови со Levante Ferries. Долу ем ги бутаат колите, ем не се дише од затворено, издувни гасови и жешко. Ненормални луѓе, се буткаат кој може да си влезе во колата, ја пали (веројатно заради климата) и така чекаат да се ослободи место пред нив да излезат.
Истото срање се случувало и со Anek Lines за Крит.