Миле, требаше да дефинираш „манипулирање“, а не да даваш примери за она што тебе ти личи на „манипулирање“. Потребата станува евидентна веќе во твојот прв одговор, како што ќе се обидам да ти објаснам:
Миле рекол: „Поради таквите како тебе не верувам на податоците што ги пласираат вторитетите“.
Филип рекол: „Логиката на Миле вришти, поради ФилипВ Миле не верува на авторитетите“.
Миле, манипулација секогаш подразбира некоја задна намера: треба да има нешто што јас сакам ти да направиш, но што ти не би го направил. Постојат повеќе методи на манипулација: уцена, застрашување, доведување во заблуда, поттиквнување на ниски страсти или други ирационални чувства, цела низа фалични аргументи итн итн. Но, во секој случај треба да постои некоја
цел која манипулантот сака да ја оствари
со помош на манипулираниот. Или, да се изразам со речникот на Имануел Кант: кога другиот човек не е цел, туку средство.
Во твојот прв пример не постои ништо од тоа. Јас не те терам ти нешто да направиш што, инаку, неќеш, ниту те уценувам, застрашувам, бла бла... Ти не си ми средство за ништо, туку - напротив - си ми цел. Целта е да ти укажам на климавиот резон. Доколку при тоа сум направил бенигна грешка при читањето - да сме здрави и живи. Но, самото тоа никако не е доволно за сето тоа да го наречеш „манипулација“ бидејќи - повторувам - недостасуваат сите клучни одлики на манипулирањето. Повеќе за манипулација можеш да прочиташ
тука. (Прочитај ја листата на Брикер, наведена во статијата, таа е најзгодна за референцирање)
Филип рекол: „Возев и Кашкаи и Каптива, за разлика до Кашкаито, каптивата треба да ја паркираш пред кривината од што е нестабилна“
Подоцна Филип рекол: „Не се споредува кросовер со СУВ“.
Прво, во мојот автомобилски светоглед, како што неколку пати имам пишувано, ниту каптивата е вистински СУВ, ниту кокошарникот е вистински СУВ. И двата се кросовери:
http://www.gmfleet.com/discontinued-vehicle/chevrolet-captiva-sport-compact-crossover.htmlНо, сеедно, дури и да беше СУВ, она погоре и понатаму не е манипулирање туку во најлош случај лажење: прво сум споредувал со сув, а после сум рекол дека не сум споредувал. Сепак, и покрај тоа што некои манипулативни „техники“ подразбираат лажење, лажењето само по себе не е доволно за нешто да се нарече „манипулација“ бидејќи недостигаат основните елементи на секоја манипулација: некоја практична цел за чие остварување на манипулантот му е потребен манипулираниот.