Ти не се помачи да ми објасниш. Тебе задната намера ти беше да ја преместиш дискусијата во друга насока
Од кај знаеш? Така ти чини? Виде на гравчиња?
обидувајќи се да ми дефинираш збор сосем непотребно
Напротив, многу е потребно бидејќи го употребуваш зборот „манипулација“ погрешно.
(бидејќи конотацијата во која јас го употребив зборот е недвосмислена).
Да беше навистина недвосмислена, ќе ти беше екстремно лесно да кажеш што е „манипулација“. Но ти тоа не го стори, затоа што манипулација не е тоа што тебе ти се чини дека е.
А ти тоа го направи откако ти реплицирав на обидот да ме дискредитираш,
До кога ќе се учиме дека дискредитација на став <> дискредитација на личност?
дрско напаѓајќи ја мојата логика.
Твојата логика се самораспаѓа без потреба никој да ја нападне.
Знаеш, си се доведе во ситуација кога се што ќе кажеш може и ќе се употреби против тебе во секој твој обид со негативна намера.
Да, но ниту ми е прв пат, ниту гневот потекнува од сите туку само од оние кои веруваат во глупи теории на заговор и на кои критичко мислење не им е баш најјака страна.
Преполн си со задни намери.
Ајдеее, пред малку од мене за прв пат у живот разбра дека за манипулација се потребни задни намери и оп одеднаш ме напуни со задни намери.

Цепки.
Невозможно е човек да дискутира со тебе од проста причина што нема грам самокритика кај тебе.
Напротив, со мене е исклучително лесно да се дискутира се додека разменуваните аргументи се валидни, логични и не се базирани на приучени и недоразбрани глупости. А самокритика кај мене има многу повеќе отколку кај тебе, бидејќи секој пат кога ќе ми биде правилно укажано дека нешто сум грешка - грешката веднаш ја признавам. А не, како што правиш ти и другите заговараши, кога ќе ми биде укажано на грешка веднаш да почнам да вреѓам и да давам оценки на личностите.
Не постои осет за вина, не постои потреба за извинување,
Напротив, кога нешто некому ќе згрешам, се осеќам многу виновен и се извинувам. Но, ако на некого му укажам на неговите фалични аргументи и незнаење, тоа не е нешто за што треба да се извинувам. Напротив, другиот (како ти на пример) треба „фала“ да ми каже, како што кажувам јас за истото тоа „фала“, наместо „ти си ваков ти си онаков мрш“.
не постои осет за пријателство и блискост.
Глупости.
Кај тебе постои само оној нагон за натпревар по секоја цена.
Не, тука се проектираш самиот себе. Баш кај тебе постои нагон за натпревар, и така ги сфаќаш дискусиите (како човек вс човек) и после цивкаш кога ќе видиш дека го губиш натпреварот кој постои само кај тебе у главата.