Автор Тема: Нема да може да се регистрираат автмобилите постари од 2000 година?  (Прочитано 28935 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Извинете на речник али жими к*ров што е ЈСП пред банкрот.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Јас колку што знам ќе се забрани увоз на возила постари од 2000 година..
И треба да се забрани, со исклучок на олдтајмери.
Пасат од 95-та, има 20 години веќе, и едно пола милион километри ... уште колку ќе се вози, ама народ глуп.

Наместо негативна стимулација за стари возила, нека има позитивна стимулација и субвенционирање за нови, еколошки-прифатливи возила. Нема потреба да се казнуваат луѓе, веќе доволно сме казнети, ама нека се стимулира продажбата на нови коли.

+1
2-3000€ да дава, сигурно на некој ќе му смени многу.

Ако не друго, можи да почни со субвенционирање на велосипеди. Додека бев активен на еден англиски бајкерски форум,
луѓето имаа програма за купување на велосипеди преку одење на работа со нив (cycle to work scheme).
Eве гуглам, и гледам до 50% попуст на нов велосипед. Е сега да е и ова кај нас, луѓето ќе го искористат ова кој од убајна,
кој од лакомост, кој за син му да заштеди ем на точак ем за превоз.
А за тоа што нема инфраструктура за велосипедистите е најмал проблем, секогаш низ споредни улици можи да се вози за избегнување на гужви.

Молам до владата ова да се пренеси, нов точак ми треба.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Извинете на речник али жими к*ров што е ЈСП пред банкрот.
Лажи тука некој, кај нас Битола по 20ден се автобусите, и каде каде можеш да најдиш да седнеш, а никој не е пред банкрот.

ЈСП по 35ден, внатре сардини ... сигурно се пред банкрот.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
@Marjan, neame site pari da kupime koli od salon.

Zosto ne dozvolat oldtajmer da se osigura kolku sto mu e realnata vrednost tuku mi go vrednuva kako skapanica?

Има нови коли кои што задоволуваат еуро норми, еколошки се и чинат по околу 8000еур, е сеа нема да се дизел и нема да се голф 4 стари 17год.

Мартин алфиста, ти си студент (читај невработен) и како таков нема шо ти со кола да одиш на факултет, ќе си користиш јавен превоз со студентски попуст или велосипед и нема што да се буниш за сообраќајниот метеж затоа што си гостин дојденец во ск, ти си плаќаш еколошка такса во гостиварска каса, можеш таму да штрајкуваш.

Фило, некогаш твоиве постови се граничат со патетика, друже, сум среќавал луѓе на пазар што им е скапо да купат кило домати и се ценкаат за поефтино, а ги мрзи сами да посадат. Ако влезам по детално да ти објаснам ќе ме сватат останативе многу погрешно.
Трошок за одржување не стави, затоа што често споменуваш дека колата не ја одржувате (а со тоа сте опасност за останатите), а кога некој ќе ти пререче се правдаш дека не е твоја и не ја одржуваш ти, во тој случај ти немаш кола и не си засегнат од законот.

Онак, си спомнал дека возам кола на бугарски, точно и мене ми пречи и не се чувствувам убаво, но претходно плаќав казни поради тоа што возам Македонска кола со странска возачка дозвола, јас сум вработен во буугарска фирма, има трудов договор, така да не сум толку нелегален како некои што ги внеле пред 10год и немаат извадено осигурување од тогаш. Тоа дека не придонесувам во оваа држава не држи затоа што секоја година носам минимум 10к еур, тука ги трошам 90%.

Мислам дека горе доле одговорив на сите што ме спомнаа, проблемот како што кажа Денде е во тоа што сите сакаат да го меат кај што го мерат магарињата, а немаат должина за таму. Во Велес конкретно за да те видат дека си „фаца“ мора да имаш нешто за да се истакнеш, дури и по цена да се заборчиш со камата, да земеш кредит или да купиш на рати. Исто е секаде, да се оди со кола па макар и 500м.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
@ Filo

А регистрација на кола, а сервис, потрошни делови да не случајно ја заборави амортизацијата на возилото?

Фило ај на твоиве математики додади ги и трошоците за купување на возилото и редовно одржување пропратено со непланирани дефекти.


Ете ја разликата од 1000 денари. Ете сосе регистрација и дефекти, амортизации, да речеме исто ме чини превоз до работа и со кола и со автобус.
Што ке одберете, да идете 10 мин до автобуска, уште 10-15 минути да чекате автобус, внатре гужви, потоа уште 10-тина мин да речеме пеш до работното место или утрото, брм колата и трк на работа ?

Ке одбереш да стануваш во 5 часот, 5:45 да идеш на автобуска, да фатиш автобус од 6 кој до лептокарија ке те вози 20-25 минути, па уште 10 мин пеш до работа или пак ке стануваш во 5:45 и во 6:40 ке излегуваш дома со колата ?

Значи исто ве чини, од една страна автобус, од друга страна кола со гориво + амортизација.

ЗНАЧИ тие 1000 денари едвај ќе ти ја покријат годишната регистрација.

ЈСП по правило треба да работи со загуба а истата да ја покрива Градот, така е во цел свет. Секогаш јавниот превоз е субвенциониран од некој со цел да се решат луѓето да одат со истот и патиштата и воздухот да бидат растеретени од автомобили. Башка и да не мора да се градат нови патишта или прошируваат а за сметка на тоа да има повеќе паркови.
Кога ќе се зголеми свеста кај луѓето и правилно ќе се менаџира со јавните приходи тогаш ќе дојде и до зголемување на зачестеноста на автобуските линии односно истите ќе ги има на 10 мин и ќе го нема оној момент на гужви во истите.
Така да тоа е тоа, ќе требаат генерации, без навреда за некој но тука доаѓа клучниот момент претходно спомнат од Симо, ако еден млад 18 возач немал кој да го научи да вози кола, од причина што дали не возеле моторно возило или пак не возеле патничко возило истиот тој и ќе нема правилно однесување во сообраќај, грижа кон моторно возило итн.
Така и сега тие што се подолго во Скопје го сфаќаат овој проблем (претпоставувам) арно ама некој кој дошол вчера сеуште смета дека колата е статус во кој мора да се покаже.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Фило, некогаш твоиве постови се граничат со патетика, друже, сум среќавал луѓе на пазар што им е скапо да купат кило домати и се ценкаат за поефтино, а ги мрзи сами да посадат. Ако влезам по детално да ти објаснам ќе ме сватат останативе многу погрешно.
Трошок за одржување не стави, затоа што често споменуваш дека колата не ја одржувате (а со тоа сте опасност за останатите), а кога некој ќе ти пререче се правдаш дека не е твоја и не ја одржуваш ти, во тој случај ти немаш кола и не си засегнат од законот.

Моите постови се реалност, ти неможеш да сфатиш пошто ти работиш во странство, си имаш високи примања, затоа и возиш ново бмв, џабе ке ти дрндам кога најверојатно незнаеш како е да крпиш со 200-300 евра месечно.
Сакаш да се смениме ? Дај ги твоите месечни примања, работа, кола се дај, ела ти живеј со кола од 77-ма, на која незнаеш од кај да почнеш да ја средуваш, деца ти плачат, треба на школо факултет да идат, сметките ти дошле, ако не платиш ке те исклучат. Е тогаш ја ке ти кажувам да идеш да ја фрлиш колата во отпад пошто ја сум екологиста и ми загадуваш воздух.
И ако те видам да ја возиш, предлагам во затвор да те пратат.
Лесно е кога имаш големи примања да судиш за другите.
Лесно ти е тебе кога си на прв спрат и можеш да ме плукнеш мене кој сум на приземје. Ајде да се смениме, ја ке се качам на 1 спрат, ти иди на приземје и пробај од доле да ме плукнеш.
И засегнат сум, пошто не живеам сам и немам примања, студирам, сеуште живеам со мои родители под ист покрив, а ова нив ги засега, а бидејки сум со нив, и мене исто ме засега.

ЗНАЧИ тие 1000 денари едвај ќе ти ја покријат годишната регистрација.

За мојата кола регистрација е нешто под 6000 денари, барем лани беше толку, сега би била негде 6700-800 денари со покачувањето. Значи 7 месеци се потребни за да ја покријам регистрацијата.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Ok. hipoteticki... Eve i da gi napravat ovie promeni i da ni go nacukaat so se madinja... i ako efektot e neznacitelen? onaka, da, ima podobruvanje ama pak e zagadeno. ondak so e sledno? kill them all? sto togas? togas kje se svrtite protiv onie sto se great na drva i kje im se zabrani i toa? Prikaznada "na narodov treba da mu se zabrani da kupuva stari koli" moze da se prikazuva samo koga kje ziame po 2000 evra plata. Demek u evropa sve novi koli po 15 iljadi evra se vozat...

I mnogu me interesira kako kje im zabranat na onie u cair da vozat koli i da gi nateraat da se kacat na tocak! ;D

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Само размислуваат, нема ништо конкретно!

http://tocka.com.mk/7/142222/ako-avtomobilot-vi-e-postar-od-2000-godina-nema-da-moze-da-go-vozite-vo-grad-ili-ke-stavite-katalizator

Cim se razmisluva mnogu verojatno e deka zakonot e napisan i se ceka na vreme koa kje vleze u procedura...Taka razamisluvaat oni....

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Фило, јас ја знам реалноста многу подобро од тебе, само јас не кукам бато, тоа што работам во странство не значи дека таму сум директор, туку живеам у камион одделен од дома по 3 месеци, јадам пијам и спијам во кабина од 2*1,5м, кога надвор е 50ц, а не е кола да ја ставиш под сенка замисли колку само ми е убаво, или пак кога е -30 а мора да товарам некаде каде пто врне или дува ветер, супер е нели :) ? Само пак ќе речам има луѓе научени да кукаат, некој друг да им е крив, ако сакаш ќе се смениме, т.е. не мора да се смениме, ќе те земам со мене 3 месеци и ќе ти давам по 10еур дневница па кога ќе се вратиш размисли дали е поубаво дома или некаде таму каде што не знаеш каде ќе те стемни каде ќе те раздени, дали ќе ти украдат роба или нафта и дали ќе те успијат па да ти соберат се што имаш од лични документи па до компјутер и телефон.
Ќе те спомнам тебе, ти друже многу црно гледаш на работите, и јас работев за 200еур и сам си заминав, замини и ти ако не ти се допаѓа, тропни дома на масата и кажи му на таткоти дека гумите треба да се сменат, предницата да се стегне, ама за тоа треба мадиња, а 90% форумџии ги немаат.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Само размислуваат, нема ништо конкретно!

http://tocka.com.mk/7/142222/ako-avtomobilot-vi-e-postar-od-2000-godina-nema-da-moze-da-go-vozite-vo-grad-ili-ke-stavite-katalizator

Cim se razmisluva mnogu verojatno e deka zakonot e napisan i se ceka na vreme koa kje vleze u procedura...Taka razamisluvaat oni....
Види, не дека не си во право, ама новинариве ни се КАТАСТРОФА, многу си даваат за право да наддаваат свое мислење во текстот или изјавите.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Taka si e Zile... Del se katastrofa, no kolku i da e spinuvana vesta ima mnogu vistina vo toa. Razgledaj nekoi prethodni debilni "razmisluvanja" na vladata i kje vidis deka se e vo toj pravec. Kako i da e, mene ne mi se dopagja ideata da mu se odzeme pravoto na siromasniot narod....

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Така е, има вистина. Само не верувам дека ке дојде до тоа, да неможе да се регистрираат возилата. Може ке има некакви санкци, да се смени катализатор или како што е во другите држави, со таа кола нема да смееш да одиш во центар. Прво на владата не и одговара да не се возат коли. Тоа автомацки повлекува намалување на потрошувачката на гориво, а со тоа би ослабнал и буџетот, односно ке имаат помал прилив на средства од акцизата.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Најјако ќе биде ако владата даде субвенции од рецимо 3-4000 евра за сите регистрирани коли без катализатор :D

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
...тропни дома на масата и кажи му на таткоти дека гумите треба да се сменат, предницата да се стегне, ама за тоа треба мадиња, а 90% форумџии ги немаат.

izvini kje se zamesam... ne treba madinja, PARI treba!

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html