AKG K77 се околу 2400
АКГ К44 се 1900
АКГ 512 се 2200
Звукот е добар на овие, само пластикарија се, нормално согласно цената.
Сонито има исто поефтини модели не ги знам на памет. Имаа доста повеќе во нептун од ова на сајтов што ставиле.
А ако престојуваш во Скопје некој ден, да отидеш до Болин еден ден пред да купиш. Ги имаат ефтиниве АКГ. Имаат и други марки, ефтини и скапи. Отиди ислушај им ги, тие, кои ги имаат до 50 еур. Ќе ти понуди дечкото, поседи си, имаат и појачала и музика соодветна. Земи си мобилен, стави си песни и на него - чисто да видиш како звучат кога се на мобилен приклучени. И така. Во трговски е, не би требало да е проблем, мислам дека со задоволство ќе искочиш макар и не купил ништо. Народ ги избегава демек - „профи“ имале. Нема везе, имаат се, имаат и доста за проба, имаат и простор, и модели и цени. Па бирај. најважно е да се осети слушалката на глава, да не те стиска, да не те боцка (!), зошто за 5 минути слушање ќе осетиш маааалце боцкање или стискање, ама после 3 саата тоа посилна болка ќе стане.
Јас обично избегавам прекршувања кај рамката. Ме нервира, како детски нешто изводиш диџеј. Јас неколку часа на ден сум со AKG240 на глава и тоа со левата ставена на уво, а десната или на уво или позади уво, зависи дали треба да слушам нешто од околу. 80% зад уво. И си стојат феноменално, ни умор ни болки ни ништо. Најчесто не ни имам нешто пуштено на нив, само за пратење ствари што гледам на компјутер. Чат пат музика и видеа и филм. Сакам да кажам класичен дизајн е океј за користење нема потреба да се прекршуваат и да сибат побрзо. Тоа е едно.
Друго, јас сакам со кожни перничиња. Ќе се измрсат и ќе ги избришам еднаш во годината и си се како нови. Волнени не ми прават мерак, зошто ако стојат прашњави после на глава, штознам. Посанитарни ми се кожни.
Имаш избор до 50 еураки, не дека нема. Има. Рачунај цела секција од буџет погоре линк што ти ставив се 0-75$ што е грубо макс 60еур. Патиките и Болин ако си близу СК.
