Оваа недела добив неочекувано изненадување од еден исклучителен човек и голем љубител на музиката.
Се работи маестро Бранко Радуловиќ - човекот кој до неодамна беше единствен во СФРЈ кој правеше инструменти по нарачка рачна изработка, па така мојата фамилја басови се збогати со уште две 6 жичани лепотици.


За дрвата и изработката нема да ве замарам, не ве занима..
Цената им е од 1500 еура па нагоре, а он има првено многу гитари и за Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Горан Брегович и е личен пријател со John McLaughlin.
(
https://www.youtube.com/watch?v=7cCsVjcqxf4)
Ниту ги купив, ниту ги планирав...човекот едноставни ми ги поклони/даде на свирење. "Битно е да живее инструментот".. а знае дека ќе ги чувам ко очи.
Денес ги однесов да се направат пиц пец кај мајстор и тоа е тоа.
Јас сум уште без зборови..
Ретки се луѓето како Радуловиќ денес...уствари нема.