Се си зависи од класата на лаптопот. Јас имам Inspiron N5110, купен околу 45К пред 4.5 год. Иако овој Inspiron не е некоја си класа, досега немам никаков проблем, освен што ослабна батеријата и држи 30 мин. Dell XPS веќе е сосема друго искуство.
Јас ете имам одбивност кон ASUS лаптопи, но тоа е поради тоа што секогаш ми доаѓале при рака моделчиња до 300-400 евра при рака, т.е. пластикарии, крцкалчиња..
Со Toshiba имам негативно искуство, но реално беше ниска класа на лаптоп иако и тој беше земен ~40К далечната 2008, почнаа со годиниве да откажуваат работи - батеријата одма, камера, микрофон, звучник.
Во секој случај задоволен сум што Dell дава 5 години гаранција иако немаше потреба да се искористи досега.
Би зел било кој бренд што ми се допаѓа на изглед, има добри перформанси - но најважно да има саглам гаранција. Што и да му се задеси да не му ја мислиш.