Имам и јас косилка обична една од 1000 вати ама сакам да земам некоја малку поголема и појака.
Оваа сега шо ми е морам да ја косам тревата на највисокото ниво за да не омалаксува и да не ја прави конци конци тревата.
Напролет додека е уште слаба тревата и мала убаво ја коси ама откако ќе порасне и ќе ојакне многу тешко ја коси.
Незнам дали тревата е многу јака или косилката е многу слаба...
Слаба е секако, а и ножот може да е тап ако ја прави како конци.
Мојава до сега не ми малаксала во нормални услови, едино ако трчаш со нејзе во висока трева може да малакса.
Комшииве мои имаат некоја 2000w(непознат бренд за мене) и е далеку понемоќна од мојава MTD од 1600w, (е сега незнам зашто, можеби ножот е поширок), доста потешка е за гурање и не ја полни целата корпа, мора доста чесо да ја празниш.
Инаку цената на MTD 1600w треба да е под околу или под 10 000 ден.