јас од КТМ земав бензинска четворотактна косилка, со снага од 6 киловати. само што јас имам околу 1000 квадрати за косење... и не сум таму стално за редовно да ја косам, па знае да порасне и тоа бајаги... оваа е без корпа, туку на страна ја издувава како пршина, т.е. толку ситно ја меле. нема потреба од корпа воопшто. таа трева толку ситно измелена, пропаѓа во коренот на таа што останува и автоматски станува ѓубриво за живата трева.
до сега сум имал сервис мењање на свекица, еден нов нож зедов, пошто се деси тој да пукне и 2-3 пати централниот штраф ми има пукнато, па малку заебанција е да го извадиш. сето ова е заради тоа што кај мене теренот е нерамен. и шасијата е поправана неколку пати.
инаку, ја купив од певец од гостивар, кога највија затварање... околу 8.000 денари со се кантичка за бензин од 5 литри и 2 шаржи за мењање на масло (од по 600 грама е една шаржа)... само косилката беше 7.400 мислам...
задоволен? да, со оглед кај ја употребувам овие години. претходно 2 елкетрични од 1,3 и 2 киловати изгореа пред да заврши “сезона на косење“... на оваа машината смрт нема, али шасијата веке неколку пати е крпена. грешка ми беше што не ја земав послабата. многу помалку вибрации ке имаше и немаше да пука шасијата.. проблемот настанува на тие вибрации кога ке налеташ на камен. го дроби, го меле, ама и цела машина рипа тогаш. среќа што до викендица имам металобраварска работилница, СО2 апаратите скоро секогаш им се упалени..

во секој случај, топло препорачувам бензинска косилка, наспроти електрична. многу помалку главобоља со каблите со ова-она, не се загушува и закочува кога ке налеташ на по густо или поише пораснато... и моментот дека не ја собирам тревата во корпа ми е прајслес...
едит...
и тркалца имам сменето.. тие пластичните за К не ги биваше уште од одма..
едит 2...
овака изгледа некако:
