Кај може да се најдат големи внатрешни ретровизори (како во автобус)?
Се поднови со Саносче?
Абе ми требаше некое ретровизорче да можам да гледам бебе кога е на задно седиште, ама се снајдов
да ми кажеш како се снајде, ќе ми треба и мене...
побарај на е-бај има ретровизори за авто школи. или ако не ти се чека, прашај ги овие кај нас автошколиве од кај ги набавуваат. ги има монтажни со држачи ВРЗ постоечкиот ретровизор од предна страна, па го дели на 2 дела од кои 2/3 се за возачот а 1/3 е за инструкторот, а има и такви што се со задни држачи со гумици да ги атачуваш на постоечкиот. ако ти текне да отидеш до аутолидер, ке најдеш и ретровизор со вакум гумица за на шофершајбна (како за држач за мобилен). кај тие за автошколите, вториот ретровизор е подесно и го користи инструкторот. ке си го наштеллуваш према позади и таман ке ти биде.
а и малку креативност (како јас што си направив на времето) со нај евтиниот пазарски ретровизор, го прицврстив на држач за (во тоа време држачи за тефтерчиња беа во мода, а не за мобилни
) со вакум гумица за на шофершајбна... за 300-400 денари ке си направиш сам.