Нема што да се густира. Веќе видов се што ме интересираше.
Инаку доаѓа со негов софтвер, кој е рутиран и има апликација преку која го користиш како класичен андроид уред. Се инсталира XBMC, плеери, преку плејстор, имаш игри имаш се. Отвара буквално се од формати.
Спореден и со WD TV Live медиа плеер кој што до вечерва мислев дека е врвот кога станува збор за квалитет на сликата, досега не сум видел подобро. Овој буквално имаше потполно иста слика. Значи немаше разлика.
Единствено нешто кое може да ти смета е малата конфузност заради андроид системот. Кај вестернот се е многу просто и едноставно.
Тука овој МИ плеер си бара малку чепкање, али навистина вреди за парите 5500 денари.
Исто така функционира и со Wi Di, интересна опција за да си играш и со телефонот.
Инаку ова е 4К плеер, така да во наредни неколку години си обезбеден со гаџет од оваков тип.
