Бидна и прв мал сервис на Меривата.
Сменето уље, ставено Petronas 5w30, не знам дали е dexos2 или не, такво стави Тони.
Сменети филтри, стандардно за уље, воздух и за во кабина. Hengst пишуваше на кутиите.
Интересно, филтерот за воздух за во кабина е на многу глупо место, треба бришач, па цела пластика да вадиш за да пристапиш до него.
Наредна година ке ставам некој поквалитетен, да го менувам барем на 2 години, ако е возможно.

Јас сакав каиши, ланци и остало да менувам, ама Тони рече не, добри биле. Кога отворивме хауба видовме стикер, во 2020 година имала 81000 км поминато.

Останува неделава да се сменат дискови и плочки на задните тркала, и држач на мотор.
Наредно да ја однесам да се види климата кај Аце, и да ставам камера во Dog Security.
Се мислев цела мултимедија да ставам, ама нема да се користи па баталив. Највеќе се мислев за навигација, ама поради позицијата на седење и поставеноста на колата, мултимедијата би дошла доста ниско, доволно за при возење да треба да се тргне поглед од патот, па разманав. Го знае татко ми патот до село и без навигација

Колата веке има паркинг сезнори назад, за кој мислев дека се накнадно додадени, ама испадна дека се фабрички, а тоа напред било сензор за дожд.
Гумите на колата се зимски, Hankook, во супер состојба и дот 2022 година, нив нема да ги менувам.
Колата има челични бандажи, не знам дали да се замарам да купувам алуминиумски.
Fun fact, човекот од кој е купена колата во Австрија е со датум на раѓање во 1934 година

