Не ми е јасно зошто некој би отишол да гледа возило ако не е заинтересиран за купување. Јас кога земам уште на нет правам филтер на 2-3, па ги гледам (без возење), па дури откако ќе се одлучам (одам со пари) барам да ја пробам. Како луѓето имаат толку време и немаат ништо попаметно да прават отколку да одат да гледаат коли без никаква намера да купат. За плацеви на возила (сам да си ги гледаш) е разбирливо, но кај приватно лице, не. Ама и она еве ја колата ако ја сакаш земај ја, не е ок. Еднаш така во Делукс Куманово, хаубата не можеше да ја отвори, па не сакаше да запали, па позади имаше вода (сомнително дека колата не беше перена), па дисковите свиреа да ти дупнат уши, ама не можело да се вози. Можело само тој да те повози 30 метри во кругот на салонот. А, и немало опција за проверка. Цената над сите пазарни дека од Германија била. Од тогаш кој и да ме праша за тие му кажувам да бега подалеку од нив.