Сакам да си купам кола.
Веќе година дена пасиовно барам кола со Автоматски менувач, до кај 6000 евра.
Мора да е автоматски менувач
Мора да има клима
Преферирам да е бензинец
Преферирам да е повисочка како Мерива, бидејки колата е за татко ми.
И никако да завршам работа. Се мислам да отворам тема за неуспешно купување на возило

Еве пример од денес.
Ја меркам Мерива-ва
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=5461595Пред 2 недели се јавив, вика дечко на комшијата е колата, јас му помагам, и баш денес ја зема некој роднина да ја провози неколку дена додека е на гости во Мк.
Газдата бил у Швајцатија, од таму е колата. Вика ке ми ја вратат во Петок, јави се нареден викенд.
Му ѕвонам минатиот викенд, вика не ми ја вратија колата. Му ѕвонев пак во неделата, вика не ми ја вратија колата, ке те барам кога ке ми ја вратат.
Ок, чекам.
Ми ѕвони човекот во Сабота вечер дека може да се види колата. Одам Недела сабајле во 9 часот, или на прва светлина.
Ја пробавме, се ок, ама гледам на десна страна нешто се разликува од сликата.
Вика дечкото што ја возел ја гребнал, и ја средувале минатата недела на мајстор.
Ок, надворешно беше, мотор и остало ок, кажи цена.
Вика 3350 е огласена, да прашам газдата колку ке спушти.
Му викам нудам 3000, па јави се кажи кога ке правеш муабет со газдата.
И му викам може ли да ја види мајстор. Вика да.
Викам супер. Рече он ке дојде, викам кога ке доаѓаш земи ги и документите со тебе.
Му викам понеделник имам закажано интервенција на хирургија, дали може во Вторник сабајле. Вика дечко може цела наредна недела.
Супер.
Пред да одам му викам, ако се појави некој друг заинтересиран, ѕвони ми прво мене пред да ја продадеш.
Капар не дадов, недела беше, немав пари со мене, картичката беше останата дома, а и немавме дефинирано цена. Не ни спомна ништо за капар он.
Си одам. Вчера во 12h ми ѕвони, вика крајна цена 3200 евра. Му викам ок, да помине се ок утре и се гледаме во Вторник сабајле.
Денес договорив со мајстор Вторник сабајле 10h да ја донесам колата да ја провериме. Извадив пари од банка, и си отидов во болница.
15 мин пред интервенција, ми стаса пораа, дечко јас ја продадов колата.
И сега ?
Ова може е 5то возило кое не можам да го купам.
- Лани Јули гледав кола Мерива. 2 дена се завлечев, татко ми правеше опрација и испадна покомплицирано. после 2 дена ѕвонам, вика дечко се продаде колата.
- Лани Октомври меркав еден Мерцедес б класа во Гостивар. Зборев во човекот, вика жена ми ја вози секој ден, дојди викенд. Одам на викенд маврово, 5 пати му ѕвонев, не се јави. Во понеделник ми ѕвони, вика друже заглавив во планина, не можев да дојдам да ти ја покажам колата. Дојди нареден викенд. Викам ок. Му ѕвонаме во Петок, да договорам време и место, вика друже ја продадов колата.
- После тоа ѕвонев на друга Б класа од Скопје. Некое време стоеше на оглас. Се јави човекот, вика дечко само што му ја продадов на комшијата. Никој не се јави со месеци, за 2 недели е регистрација, му ја продадов за ниска цена на комшијата. Пред 2 саати потпишавме.
- После тоа имаше една Мерива во некое село до Гевгелија. Стоеше многу долго време, стар оглас. Истекла регистрација, ама човекот цајкан.
Вика дека 3 месеци никој не се јавил, заборавил дека имал оглас. Пратив човек во Саботата, ја виде колата, и се договараме да ја земам. Ми вика дежурен сум дојди во Вторник сабајле. Се спремив јас, договорив превоз, извдив пари, се, му ѕвонам Вторник сабајле пред поаѓање, вика друже ја продадов на колега вчера.
- После тоа најдов една А класа. Ја однесов на мајстор, човекот сам си отиде, ептен испадна крш колата.
- Имаше една Мерива во Битола. Ја гледав, ја возев, и гледам не е регистрирана. На син му била, да ја регистрирал и да ја земам. Гледам го снема огласот. Ѕвонам, ја продал.
- Имаше една Киа во Бутел. Договориве да ја пробаме и да ја однесам на сервис на проверка. Со 80.000 км беше колата. Бев да ја пробам, не ми даде тест возење. После тоа ја извади од оглас, не ја продавал.
Кршеви што ги гледав не ги ни спомнувам.
Не ми е јасно веќе. Што малер ке беше...