Во денешно време да. Еве личен пример:
До пред неколку години тоа не беше така. Моите родители работеа 11 години со онлајн продажба, обична страница на фб, без спонзорирања, без посебни реклами, муштериите ни беа најголема реклама (над 10К лајкови, околу 1000 редовни муштерии). Едноставно имавме најголем избор на козметика за жени - од Америка набавувавме со контењер преку брод, од Кина ситнурии (најмалку), од Полска и Германија. За такво нешто многумина немаа слушнато дотогаш, па функционираше многу добро и тоа им беше примарно занимање на моите (двајцата невработени). Подоцна се појавува "конкуренција" со производ произведен во кина (пример IBD top coat gel) по цена (тропам) од 1500 ден, а да го купиш од Америка кошта $55.