Пример отиди во мобилекс и види го самсунг а54 наместо со стакло позади со пластика е... Информирај се малце пред да рипаш како прле пред магаре
Нема што јас да рипам како Прле пред магаре кога ти си неинформиран.
На Самсунг телефоните единствените хардверски разлики што може да бидaт помеѓу различните пазари се процесорот и одредените модеми/антени за 4G/5G. Мислам дека имаат и некои други разлики како поддршка за сателитска комуникација и уште нешто ситно, но самиот дизајн и материјалите за одреден модел се исти секаде.
Која им е математиката на Самсунг за еден пазар да прават стакло, за друг пластика? Сфаќаш колкава глупост истреска?
A54 за СИТЕ пазари е со стакло позади, којзнае што си гледал ти. Може си гледал половен телефон на кој му бил сменет задниот панел со некој фушерајски.
Од фабрика/неотворена кутија материјалите се секаде исти, било на Аљаска, било во Дубаи.
И може да престанеме со овие небулози како тоа телефоните за Дубаи биле понеквалитни од тие за Европа.
Ова е најголемата глупост. Не сме 1989-та година, а Дубаи не е Конго, па да им увалуваат полоши телефони.