Ледиком.
И?
Не разбирам.
Фејк се телефоните демек од таму или што ти е муабетов со ,,Ледиком."? Склопувани се во Шутка? Дека се шверцани/внесени којзнае како? И што ако се, не работат исто телефоните како тие од Нептун?
Јас разбирам како функционираат и тие и Мобеликс и останатите, ама што дека?
Треба да даваме по 80000 во Нептун само за да не се поддржува сивиот пазар? Додека се се распаѓа околу нас во северџанијава? Додека некој им го дозволил ним тоа да го прават, јас треба да бидам свесен и да купувам со фискална за да не ми враќаш ,,Ледиком."?
Браво, не дупи сега и ти, не ми враќај со „Ледиком."
Да го затвориме форумов ако сакаш да играме легално пошто огромен дел од луѓево овде не ги одржуваат колите во официјален сервис, ниту ги купуваат од продажен салон, туку ги купуваме по X канали (без фискални и соодветни пријавени цени и даноци на истите) и ги одржуваме од X канали (исто огромен дел без фискални) за да заштедиме некоја пара.
И јас сакам да го однесам Леонов во Порше и да не се замарам да барам трет штоп со денови, ама не бива, затоа дај батали ги муабетиве со Ледиком и сивиот пазар пошто немаат поента.