Автор Тема: Што си купивте / сакате да си купите  (Прочитано 2027926 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13770 на: 13 Февруари 2024, 22:11:35 pm »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Уште малку и гаќи ќе прават Speedmaster копија.
Нека ја направат 1:1, ич нема да ми смета ако е 500$ наместо 10.000$

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13771 на: 13 Февруари 2024, 22:37:08 pm »
Не мога едноставно не мога, кога ќе видам вакви некој марки на саатови, Даниел Клајн, кој К. е даниел клајн жити бога , или пак Дизел саат, ЛаКочо и слични некој. Поарно од Орифлејм ќе земам некој саат, ќе ми спаковааат и миривче гратис барем.
Да се продаваа по цена ко на тезги ајде де, ама да ги платам, а за исти пари или плус некој денар да не земиш барем некој Касио, Едифиц се наоѓа добар , Фестина ако ништо друго..
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2083
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13773 на: 14 Февруари 2024, 08:19:15 am »
Не мога едноставно не мога, кога ќе видам вакви некој марки на саатови, Даниел Клајн, кој К. е даниел клајн жити бога , или пак Дизел саат, ЛаКочо и слични некој. Поарно од Орифлејм ќе земам некој саат, ќе ми спаковааат и миривче гратис барем.
Да се продаваа по цена ко на тезги ајде де, ама да ги платам, а за исти пари или плус некој денар да не земиш барем некој Касио, Едифиц се наоѓа добар , Фестина ако ништо друго..
Исто, исто размислувам. Не ми е јасно. Дури тоа брендирањето со познати фешн марки или вакви кинески имиња само ми ја смалува вредноста на саатот.


Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13774 на: 14 Февруари 2024, 08:32:48 am »
Од кога купив смарт часовник од хуавеи во тоа време актуелниот гт2 про никогаш не сум ставил некој од другите часовници што ги имам. Веројатно на сите веќе им е истрошена и батеријата и не ни работат.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13775 на: 14 Февруари 2024, 09:03:35 am »
5 години носам Fossil Q Founder, оваа му е 6та, време е малце на аналогно да се сврти.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13776 на: 14 Февруари 2024, 09:35:06 am »
Купен од @BokiCivic пред хиљаду година, па еве, уште си го носам

The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13777 на: 14 Февруари 2024, 09:43:58 am »
Од кога купив смарт часовник од хуавеи во тоа време актуелниот гт2 про никогаш не сум ставил некој од другите часовници што ги имам. Веројатно на сите веќе им е истрошена и батеријата и не ни работат.

5 години носам Fossil Q Founder, оваа му е 6та, време е малце на аналогно да се сврти.

Некако имам отпор кон smartwatch. Го гледам како уште една работа на која ќе стигаат нотификации и ќе титка. А глеам да намалам тоа.

Да, знам дека може да се исклучат нотификациите. Ама не ми треба за спортување, така да...

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13778 на: 14 Февруари 2024, 09:53:56 am »
Од кога купив смарт часовник од хуавеи во тоа време актуелниот гт2 про никогаш не сум ставил некој од другите часовници што ги имам. Веројатно на сите веќе им е истрошена и батеријата и не ни работат.

5 години носам Fossil Q Founder, оваа му е 6та, време е малце на аналогно да се сврти.

Некако имам отпор кон smartwatch. Го гледам како уште една работа на која ќе стигаат нотификации и ќе титка. А глеам да намалам тоа.

Да, знам дека може да се исклучат нотификациите. Ама не ми треба за спортување, така да...

Може да си направиш филтри на нотификациите. Некои нотификации е корисно да ги добиеш на време.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13779 на: 14 Февруари 2024, 09:54:21 am »
Од кога купив смарт часовник од хуавеи во тоа време актуелниот гт2 про никогаш не сум ставил некој од другите часовници што ги имам. Веројатно на сите веќе им е истрошена и батеријата и не ни работат.

5 години носам Fossil Q Founder, оваа му е 6та, време е малце на аналогно да се сврти.

Некако имам отпор кон smartwatch. Го гледам како уште една работа на која ќе стигаат нотификации и ќе титка. А глеам да намалам тоа.

Да, знам дека може да се исклучат нотификациите. Ама не ми треба за спортување, така да...

Баш поради ова, и поради тенденцијата на еден или друг начин да ти го одземе вниманието, го шитнав мојот смартвоч.

У неколку наврати бев у мисла пак да пазарам нешто, можда од Fossil, Skagen, Huawei или Samsung, ама некако на крајот, сепак баталувам и си терам со нормалните саати :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13780 на: 14 Февруари 2024, 10:02:57 am »
Може да си направиш филтри на нотификациите. Некои нотификации е корисно да ги добиеш на време.

Сигурно, не викам не. Ама за мене во моментов нема нотификација која е пресудно да ја добијам и да ја видам во истата секунда. На телефонот се подесени важните нотификации. Другите работи се исклучени.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13781 на: 14 Февруари 2024, 10:07:16 am »
Купен од @BokiCivic пред хиљаду година, па еве, уште си го носам

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Мислам дека го имам истиот. Или 90 проценти сличен модел купен пред повеќе од 10 години и доста користен до пред 3 години. Нема никакви траги од користење иако на неколку пати мислев дека го испогребав стаклото само ќе го пребришеш и ко нов е. Многу издржлива серија.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13782 на: 14 Февруари 2024, 10:11:40 am »
Секој има различни преференци, но и мене ми сметаат нотификации, па дури и на телефон ми се сите на сајлент и без светкање и слично. На смарт саатот нотификации добивам само од приватниот мејл, некогаш ми се корисни па ќе ги прочитам на саатот, некад не. Сепак саатот го земав ради спортските активности и да не морам да го пунам на 2 дена, туку да терам 30 дена со едно полнење. Моменталните мејн стрим смарт саати од Samsung, Apple, Huawei и остали не ми се у интерес и барем ја не им ја разбирам поентата и не би ги купил. Класика часовник 100 пати подобра опција е од нив, барем за мене :)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13783 на: 14 Февруари 2024, 10:15:26 am »
Имам и смарт и касио класичен по ме влече класичниот дека тоа си е тоа од саат, а читајки го @Carpathian Lord ми ја пушти бубачката па следен класик би целел некој сеико да биде автоматик

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13784 на: 14 Февруари 2024, 10:20:57 am »
Два паметни сум продал пошо ме нервирале нотификации, ако добро памтам беа Galaxy Watch и Galaxy Watch Active 2. Едноставно ако сум го оставил телефонот настрана, сакам да си останит настрана, а не да ми вибрират раката на секое.

Последно пред нецела година си зедов пак паметен, Apple Watch. Исклучив се од нотификации освен повици, SMS пораки и “итни“ нотификации од работа, и таман е. За sleep tracking и вежбање е супер, не ме замарат остатокот од времето. Веројатно можев и со некој Garmin да поминам, ама за ова ми беше ќејф, иако батеријата е за нигде, го полнам секојдневно.