Си купивме:
- USB-C to USB-C кабли 1m (x2)
- Полнач со 3 порти (120W вкупно)
- Читач на мемориски картички
- Мемориски картички од 128GB (x2)
Не си купивме, туку се регистрирав како UAS оператор во француската агенција за цивилно воздухопловство:
и положив (онлајн тест од 40 прашања) за пилот на дрон во А1/А3 поткатегориите во open категоријата:
За двеве работи - ако сакаш да леташ ептен легално во ЕУ, треба да се регистрираш во некоја од тамошните агенции за цивилно воздухопловство. И потоа ти важи за сите земји во ЕУ.
Во Бугарија, Хрватска, Германија и други, бараат да уплатиш осигурување за една година.
Во Ирска бараат 30 евра при регистрација на самиот портал на агенцијата, за 1 година.
Во Франција и Луксембург - не бараат ништо.
А сето погоре заради ова (сакам да си купам наредниве недели):
Желба имам да си купам дрон 10 и пол години, од првиот DJI Phantom 1.