Јас би да се купи товарен Sprinter, да се има алат и да се средува по ќеиф по многу изгледани видеа и идеи. Тука според мои пресметки во најмала рака не би ме раскрстиле 10.000 европски.
Само кај нас има неколку проблеми... Нема мајстори што би можеле да изработат како што сакам, или ако ги најдеш ке те кошта дупло поскапо да отидеш до Германија, да го средиш и да се вратиш. Нема место за кампинг (пример со камионот од видеото погоре) за разлика од странција. Далеку од тоа дека немаме убави места и ние, ама сепак... Друга работа е што ние немаме култура никаква за овие работи, како што рече Зеро за Германците. Кај нас да паркираш и да се стокмиш за кампинг, многу е голема веројатноста дека ке се разбудиш без шатор, без гуми на колата/комбето и ред други работи...
јас бев на слична дилема пред неколку години(Пред да бидне IN со кампување)
дали некое комбе и го стокмам камперски, или поголем џип,
со комбе само каде има асфалт, освен ако не земеш 4x4 комбе/камион, али тоа ке кошта ѓаол ипол
со џип можеш и на кампови и на диви недостапни места.
во него сместив фиоки и за душек, 120x200, нема многу висина, али за спиење е океј, vebasto за зимно време.
оваа зимо неколку пати спиев во него океј е
летно време, брзински мал шатор, склопување <5минити, или голем повеќе дневен шатор
За самоизградба најголем проблем е материјали, ако се решиш со дрво полесно али тежина,
со алуминиум тешко достапен, скап.
ако побараш нешто ван стандард, како телескопски лизгачи со 100кила издржливост, тешко кај нас да најдеш