Честитки, добар избор.
Еден најдобронамерен совет - ваквиот сетап не е најефикасен. Премногу вода фрла пиштолот и пребрзо ќе ти ја троши пената, а со тоа што ќе има премногу вода во смешата, ја намалуваш и ефикасноста на пената.
Нарачај си од алиекспрес адаптер за овој пиштол, што го прави приклучокот за цевката и за пеноматот 1/4 брза спојка.
Вака нешто (само прилагодено за твојот вап, се разбира)...

Тоа во средината ти е адаптерот. По него, можностите се неограничени...
Јас вака се опремив...



Приклучоците во боја, под агол фрлаат конзистентен млаз вода што не се споредува со оригиналниот сетап. Во ниеден случај. Плус, полесна е промената, плус имаш поголем избор.
Коленастото ротира за 180 степени и е одлично за перење подвозје и подкрила. Не знам како сум живеел без тој додаток.
Плус, ќе ти треба ваков приклучок за пеноматот...

Разликата е небо и земја, а инвестицијата е 10-15 евра. Ќе ми се заблагодариш подоцна.
Шо вап имаш, пиштолот не ми е познат...?