Сакам да си купам тример на батерија, ама не излегува грција на каталог засега, за да ја искористам од пиштолот батеријата.
А за исти пари треба со кабел да купам, кој ќе се мафта...
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Дали купи Тример ?
Ако да, овој или кој ?
Татко ми запнал да купува, ама стар е, не верувам дека ке може да користи, и се плашам дека повеке проблем ке направи отколку што ке го користи.
Некој да препорача ефтин тример и колку пари одат тримерите ?
Бензин или батерија ?
Однапред благодарност за секој совет.
Сега гледам, да купив, MaxPuls 350W 25cm, 1500ден, со кабел.
Реално катастрофа, бучи корни (како и секој тример), наочари мора да ставаш, а за подолго косење и тампони. Да косиш со електричен е измачување според мене, ама за рабови и некои 5мин работа ми е тамам, издржувам, арно што не се исилив на батерија да земам, ќе беа џабе пари фрлени.
Само за низ „ѓубришта“ бензински за косење, а во двор косилка е неприкосновена, башка имаш чист рез на тревата и секаде еднакво искосена.