Конечно си купив монитор после 10-11 месеци.
Одлуката падна на Samsung LS27A800

Dell от шо го нарачав околу нова година стигна после 3 месеци. Дефект имаше на сиви тонови, ги прикажуваше како шрафура. Многу лошо за очите. Сите програми ми се со сива позадина, не можев да работам убаво.
Го пријавив за дефект и ми одобрија нов. Новиот стигна после 3-4 недели. Новиот панел имаше сина линија по цела висина. Одма вратен и тој.
Најдов уште еден таков модел во Солун во Plaisio. На враќање од одмор застанав за да го купам. Не сакаа никако од продавницата да ми го отворат за да го проверам дали е во ред. Ми требаше само 10 сек уштекан во струја. Не сакаа, се натегавме јако.
Баталив делл и почнав да барам друг монитор. Ништо немаше долго време. Никако да се најди 24-25инч со 2к резолуција наменет за профи работа.
Конечно го најдов самсунгот и реков ајде нека биди 27.
Малку е голем, ама е одличен. Одлични бои, резолуција, оштрина....