Направив да, прееска едно за проба. Имам Лаваца Кремосо кафе, го мелев рачно со мелница некоја си што ми ја даде еден комшија. Имаше едно штрафче за подесување (вајда) ама што и како подесив појма неам.

Кафето излезе океј, задоволен од вкусот како и за прво кафе.
Сакав да земам друг кафемат до кај 200 евра, ама ми излегоа други трошоци и оваа понуда не ми се испушташе а и сметам дека е топ.
Со намера сум за некое време да порачам некоја пристојна просечна рачна мелница, гледам на Али има по 40/50 евра па ке видиме здравје.