После цел месец барање и гледање коли по плацеви, за дедото, т. е. таткото на жена ми, со буџет до кај 3000 евра, купено Ауди А2 1.4 ТДИ со 75 КС, од 2004 година. Првичен впечаток, дизајнерски малку необично, внатре има простор со оглед на класата која припаѓа, прилично тврда амортизација, ентериерот делува квалитетно склопен, иако на допир пластиките се тврди, ама ништо не тропа, не крца, моторчето однесно се носи со каросеријата, а и општо веројатно количето веројатно е полесно од конкуренцијата, поради употребата на алуминиум, па да речам и доста е „стартно“, единствено човек треба да се навикне на звукот на моторот (кој е со три клипа), кој е баш онака непријатен, груб.

Најчудно на колата, тоа до сега не сум го знаел, кога ќе оптегнеш рачка да отвориш хауба, се отвара само маската, од каде можеш само да дотуриш уље, да провериш уље, и да дотуриш течност за стакло. Ако треба нешто друго да се чепка, се отвараат два осигурачи, и се вади целата хауба. Сега уште да видиме како ќе се „погоди“.



