@nikola_bb @vladic3110 Од две понудени варијанти оваа е поскапата. Rezaw-Plast, вајда тоа е марката, така пишува доле десно. Ова е од гума а имаше и варијанта да биде од пластика. Оваа беше 3060 денари, пластичната беше 1800.
Оваа има некој мирис како на ванила и кога ќе се фане се осеќа гума дебела дека е. Додека во минатото А4 имав пластична и исто така супер ме служеше 5-6 години, презадоволен бев и од таа. Често се случува да носам нешто прашинкаво или валкано во багажот па со ова не му ја мислам воопшто, или пак за чевли од скии. Сега само фрлам што и да е и готово, ако е валкано ја вадам со вода мијам и готово.