Автор Тема: Што си купивте / сакате да си купите  (Прочитано 2300100 пати)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #10290 на: 28 Јануари 2021, 12:06:25 pm »
Си пробал да најдеш екран, батерија или било како дел за Xiaomi? Тоа игра огромна улога.
а зашто не би нашол?

јас фала богу, не сум имал потреба да барам било што, ништо до сега не ми се расипало на сите тие телефони.

edit: во меѓувреме, за Mi 9T Pro - екран -7.000 ден, батерија - 1.600 - 1.800ден

ништо страшно.
« Последно менување: 28 Јануари 2021, 12:14:04 pm KaZaN »

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #10291 на: 28 Јануари 2021, 12:14:34 pm »
И јас сум за флегшип. Имав Ми 6 и го користев 3 години, и уште држеше батеријата цел ден.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #10292 на: 28 Јануари 2021, 12:15:49 pm »
Далеку од менталитетот.
Си има голема причина зошто ајфон не се споредува со шајоми и зошто вреди.


Убаво ти посочи Dart... пробај најди екран или било што за шајомито.
Првен колку време ќе го чекаш и што ќе добиеш.

Како шо се лоши заменските екрани за ајфони, така се уште полоши за шајоми.
Башка имаш видено како е составен екранот со телефонот?
Еднаш вадиш екран и го фрлаш телефонот после.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #10293 на: 28 Јануари 2021, 12:18:08 pm »
@osmica8

јас никогаш не сум споредил Xiaomi со iPhone. дури и некој пост погоре, сам си пишав дека има зашто се Xiaomi поевтини.

ама дека причината е ДО ТОЈ СТЕПЕН толку голема, не е. iPhone е вештачки преценет, додека Xiaomi (бар кај нас) е вештачки подценет. менталитетот И ТЕ КАКО има улога тука (бар кај нас).

ете, погоре пишав... најдов и екран и батерија, за 10 минути. на лагер, сега, одма.

нема зашто да е тешко, беше тешко пред година-две, футрола не се наоѓаше, камо ли нешто друго. очигледно не сте у тек со таа проблематика. а и не би можеле да бидете у тек, користите сосема други телефони - и не сте користеле Xiaomi.

кога ќе се замени дел на телефон, без разлика од кој бренд, исто важи за сите - не е тоа што некогаш бил.

моето искуство, од последниве неколку години, кажува дека исто тешко се наоѓа дел за Самсунг, за Хуавеј или било кој друг телефон од било кој друг бренд.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #10294 на: 28 Јануари 2021, 12:21:32 pm »
Си пробал да најдеш екран, батерија или било како дел за Xiaomi? Тоа игра огромна улога.
а зашто не би нашол?

јас фала богу, не сум имал потреба да барам било што, ништо до сега не ми се расипало на сите тие телефони.

edit: во меѓувреме, за Mi 9T Pro - екран -7.000 ден, батерија - 1.600 - 1.800ден

ништо страшно.

Затоа што никој не носи делови за Шаоми. Еве батерија треба да се смени на телефон после околу 1 и пол година, ќе се изнамачи да најде било кој што ќе го купи.

@osmica8

јас никогаш не сум споредил Xiaomi со iPhone. дури и некој пост погоре, сам си пишав дека има зашто се Xiaomi поевтини.

ама дека причината е ДО ТОЈ СТЕПЕН толку голема, не е. iPhone е вештачки преценет, додека Xiaomi (бар кај нас) е вештачки подценет. менталитетот И ТЕ КАКО има улога тука (бар кај нас).

ете, погоре пишав... најдов и екран и батерија, за 10 минути. на лагер, сега, одма.

нема зашто да е тешко, беше тешко пред година-две, футрола не се наоѓаше, камо ли нешто друго. очигледно не сте у тек со таа проблематика. а и не би можеле, користите сосема други телефони.

кога ќе се замени дел на телефон, без разлика од кој бренд, исто важи за сите - не е тоа што некогаш бил.

Моментално имам 10T Pro дома а користам Ноте9 Самсунг. Звучниците не се ни споредуваат, Шаомито само дава галама, да разбереш што се збори на видео или нешто такво, Ноте9 можеш комотно музика да слушаш од што има бас, дефиниција и динамика. Екраните не е фер да се споредат затоа што едниот е Олед, а другиот ИПС ама на му фали острина на екранот. Ова не е поврзано со резолуцијата.

Камерата иако понова, поголема резолуција вади скоро идентични слики, а во многу случаи и полоши слики. Видео снимање нема ни да спомнам нема ни 100кбпс звук снимање Шаоми.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #10295 на: 28 Јануари 2021, 12:23:24 pm »
@DarthJe5us

eве по трет пат, или не ме читате, или зборите од инает.

најдов и екран и батерија конкретно мојот телефон. без никаква мака. не знам зашто зборите, кога не сте упатени.

затоа е и Xiaomi-то поевтин нели. си има зашто. вкусови и потреби се у прашање. ништо повеќе. само тоа нема никаква врска генерално со квалитетот на уредите, па затоа и нема потреба да се оспорува истиот.

« Последно менување: 28 Јануари 2021, 12:29:06 pm KaZaN »

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #10296 на: 28 Јануари 2021, 12:26:42 pm »
Екранот и батеријата ги најде во ценовник или на залиха? Пошто има голема разлика, сите мобилари ќе ти кажат цена ама повеќето немаат залиха. Види го остатокот од постот над твојот.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #10297 на: 28 Јануари 2021, 12:30:09 pm »
Екранот и батеријата ги најде во ценовник или на залиха? Пошто има голема разлика, сите мобилари ќе ти кажат цена ама повеќето немаат залиха. Види го остатокот од постот над твојот.

зборам за залиха, а не фиктивно на ценовник.

и пак викам, разликата во цената си го праи своето. затоа Xiaomi е толку пари колку што е, а Самсунгот е толку колку што е. не ни може да бидат исти, различен ценовен ранк.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #10298 на: 28 Јануари 2021, 12:31:00 pm »
Екранот и батеријата ги најде во ценовник или на залиха? Пошто има голема разлика, сите мобилари ќе ти кажат цена ама повеќето немаат залиха. Види го остатокот од постот над твојот.

зборам за залиха, а не фиктивно на ценовник. 

и пак викам, разликата во цената си го праи своето. затоа Xiaomi е толку пари колку што е, а Самсунгот е толку колку што е. не ни може да бидат исти, различен ценовен ранк.

Ми10т е актуелен модел, Ноте9 е 3 генерации стар. Ако не можат за 3 години да го надминат барем во звучници што останува кога се споредуваат со актуелните модели од Самсунг и Епл?

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #10299 на: 28 Јануари 2021, 12:33:55 pm »
Екранот и батеријата ги најде во ценовник или на залиха? Пошто има голема разлика, сите мобилари ќе ти кажат цена ама повеќето немаат залиха. Види го остатокот од постот над твојот.

зборам за залиха, а не фиктивно на ценовник. 

и пак викам, разликата во цената си го праи своето. затоа Xiaomi е толку пари колку што е, а Самсунгот е толку колку што е. не ни може да бидат исти, различен ценовен ранк.

Ми10т е актуелен модел, Ноте9 е 3 генерации стар. Ако не можат за 3 години да го надминат што останува кога се споредуваат со актуелните модели од Самсунг и Епл?
ако ги надминат, треба да се поскапи од самсунгот. тек тогаш никој нема Xiaomi да купува. квалитетот на звукот е послаб, со причина. за да биде поевтин. главниот адут на Xiaomi.

пак не знам, зашто воопшто споредуваш телефон како Note9, што бил многу повеќе пари него сега што е Mi 10t? сосема различен ценовен ранг. нема никаква споредба.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #10300 на: 28 Јануари 2021, 12:38:09 pm »
Abe so se objasnuvash, 1000 evra koj saka neka si plati za iPhone.
Necinele, nemalo ekran blabla.


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #10301 на: 28 Јануари 2021, 12:41:29 pm »
Ми10т е евтин флегшип на Шаоми кој кошта моментално многу повеќе од половен Ноте9 многу нормално дека ќе го споредувам.

А зошто да не го споредувам, ако не секоја година нека го вадат истиот телефон со исти перформанси за иста цена. Така функционира технологија со тек на време треба од скапите модели да се спушти надоле технологијата и перформансите.

Мизерија е звучници уште што не можат да направат асални. Ете за Ми11 ветуваат нешто ќе видиме.

Мизерија е камерата што не можат да ја средат конзистентни слики да вади цело време. Не можат да се снајдат со основни работи како white balance и exposure дури и на новиот Ми11.

И како фирма се мизерни со конзистентност, лани Ми10Ултра вадат со 120w полнење, годинава вадат Ми11 со 55w. Има и други работи што ме мрзи сега да ги пишувам. Многу бош работи прават што не се ок.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #10302 на: 28 Јануари 2021, 12:46:31 pm »
@MarceCvarce тоа пробувам да го објаснам...

прво, вкусови се у прашање... јас лично, никогаш, ама баш никогаш не би купил iPhone. макар биле и по цена на било кој Xiaomi. досаден ми е и комплициран у секој поглед.

друго, мене телефонот што сум го купил, ми праи мерак, таков каков што е. значи комплетниот пакет (камера, батерија, хардвер, екран итн итн). затоа и сум го купил.

трето, не може ни господ да ме убеди, камо ли било кој друг, дека квалитетот на самсунг и ајфон е ДО ТОЛКУ повисок, за да ја оправда ДО ТОЛКУ повисоката цена на самите апарати, споредбено со моделите на Xiaomi. јас кажувам, Xiaomi е поевтин. со причина. имал послаб звучник, или камера или не знам ти што. да, се е тоа ОК, само дека е еве да речеме камерата поскапа до тој степен, да наместо 500е дадам 1000е за телефон, НЕ Е.

@DarthJe5us како прво, Mi 10T, не е флегшип. и друго, нема логика да споредуваш ПОЛОВЕН со НОВ телефон. стварно нема логика. технологијата од скапите се спушта кон поевтините модели, тоа е факт, особено последниве 2 години. можеби можат и звучници, и камера да направат исто толку добри, само така нема да се поевтини, нели. од друга страна, конкретно кај камерата, не е хардверот у прашање, софтверот е. во многу ситуации, модели на Xiaomi користат ист сензор како модели на Samsung. што има премногу модели, има. тоа е факт. ама па затоа има телефон за сечиј џеб. за сечија потреба. јас лично не гледам ништо лошо во тоа.

и по не знам кој пат ќе кажам, вкусови се во прашање. мене и камерата и звукот и све на мојот телефон ми е топ. да сакав појака камера, ќе купев друг телефон, или апарат. итн итн

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #10303 на: 28 Јануари 2021, 12:47:02 pm »
И хуавеи почнаа како xiaomi пa еве ги до кај стигнаа со квалитет на телефони. Тоа што ги банираа во америка е политика.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #10304 на: 28 Јануари 2021, 12:49:24 pm »
И хуавеи почнаа како xiaomi пa еве ги до кај стигнаа со квалитет на телефони. Тоа што ги банираа во америка е политика.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


баш така. ама нели, НЕЕЕЕЕ.... самсунг и ајфон само.

ништо чудно истата судбина да ги снајде и Xiaomi... како тргнала работава....