Така де, фала богу дека поновиот е побрз, али не е дека стариов мој се укочи и стана неупотреблив, 10ка иос користам.
Не знам дали долготрајноста на скупиве андроиди е слична како кај ајфон, али до сеа сум презадоволен па не гледам потреба да мењам навика и бренд.
Поентата ми е дека за парите што сум ги дал сум добил перформанси, квалитет, дизајн и долготрајност која што сум ја очекувал, не е дека сум добил само телефон кој е добар за на маса во кафич и тоа првата година, јер нели наредната веќе сум демоде со претходниот модел
Истото, дури и уште подобро искуство го имам со епл лаптоп од 2013та година. Еве го и денес секојдневно го користам, без ниту најмал проблем. Једино батеријата денес веќе не му држи 8-9 саати туку само 5-6, далеку подобро од повеќето нови од салон лаптопи