Автор Тема: Што си купивте / сакате да си купите  (Прочитано 2026622 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14565 на: 15 Август 2024, 17:12:37 pm »
Јас не знам со кој памет било кој би купувал нешто, било што од „страници по фб и инстаграм“. Позади таа „страница на фб и инстаграм“ нити знаеш кој стои, нити имаш некаков систем да се жалиш, нити па имаш некаква законска заштита кога неизбежно ќе те заебат.

Јас од „страница на фб и инстаграм“ не би купил празно шише на кое на етикетата стои Воздух, не па нешто друго.

Цена инбокс.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14566 на: 15 Август 2024, 17:19:46 pm »
Во денешно време да. Еве личен пример:
До пред неколку години тоа не беше така. Моите родители работеа 11 години со онлајн продажба, обична страница на фб, без спонзорирања, без посебни реклами, муштериите ни беа најголема реклама (над 10К лајкови, околу 1000 редовни муштерии). Едноставно имавме најголем избор на козметика за жени - од Америка набавувавме со контењер преку брод, од Кина ситнурии (најмалку), од Полска и Германија. За такво нешто многумина немаа слушнато дотогаш, па функционираше многу добро и тоа им беше примарно занимање на моите (двајцата невработени). Подоцна се појавува "конкуренција" со производ произведен во кина (пример IBD top coat gel) по цена (тропам) од 1500 ден, а да го купиш од Америка кошта $55.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14567 на: 15 Август 2024, 17:26:19 pm »
Ни-што. Ако не постои некакво (јасно и гласно видливо) правно или физичко лице, ни-што. Ене ја групана за „искуства со онлајн продавници“ (или како и да се вика) на Фејсбук. Да се изначуди човек.

И ништо лично, ама не ги разбирам ни девојките што купуваат козметика од рандом инстаграм профили и фејсбук пејџови. Со кој памет ќе мачкаш на лице нешто за кое што немаш ама баш никаква проверена информација, не знаеш ни потекло, ни состав, ни ништо?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14568 на: 15 Август 2024, 17:28:38 pm »
Не беше таква козметика, имавме шминки (мал дел) кои не се продаваа нај-нај, но главната намена на продавницата беше за вештачки нокти. Многу доаѓаа кај нас со оштетени нокти, односно плочката на ноктот им беше нагризана и се тужеа со продавачите на тој производ (читај фалцот кинески по цена од 1500 денари) односно регистрирана фирма за кинески (а купува амерички гел) работи (од игла до локомотива). Е тие не ги разбирам, 90% од редовните муштерии нудеа услуги за маникир и педикир (останатите поретко нарачуваа бидејќи нормално колку пати жена годишно че направи нокти, а гелот е доволен за мноогу користења), тешко на муштериите.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14569 на: 15 Август 2024, 17:30:25 pm »
Да да, сигурно ќе тужиш „продавач“ на фејсбук или инстаграм што не му знаеш ни име ни презиме ни ништо. Денес има еден профил, утре друг.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14570 на: 15 Август 2024, 17:30:59 pm »
@nestor04
Сам си го даде одговорот...

Ако ти си бил поштен, дошло време кога за сметка на тој еден имало други 99 што биле ѓубриња.
Затоа не купува народ. :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14571 на: 15 Август 2024, 17:31:21 pm »
@zeroSignal Извини, касно дополнив. Се работи за регистрирана фирма со продавница со физичка локација. Баш поради тоа немам доверба во продавачите на автоделовите. Затоa сум скептик за сѐ, можеби некогаш претерувам, ама такво ми е искуството, во таква околина сум растен, јас помагав доста во тоа (праќање по карго, комуникација со муштерии, објави на фб) и слушав муабети од купувачите какви превари се прават.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14572 на: 15 Август 2024, 17:48:18 pm »
@zeroSignal Обавезно скролам овде од време на време, ми се исправа денот :D
https://www.facebook.com/share/g/zJqgwjMVCyZo8qiM/?mibextid=K35XfP
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14573 на: 15 Август 2024, 17:51:04 pm »
Е, е, таа е групата! Не ми се верува колку глуп, наивен народ има.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14574 на: 15 Август 2024, 17:53:03 pm »
Мене не ми се верува зошто не ги прават јавни ваквите групи... :)
Зошто фактички го кријат?!
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14575 на: 16 Август 2024, 18:05:56 pm »
Нај јаки се овие што се жалат дека макитата од 4000 не била оргинал.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14576 на: 16 Август 2024, 18:11:35 pm »
*1500

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14577 на: 16 Август 2024, 19:08:46 pm »
Мене не ми се верува зошто не ги прават јавни ваквите групи... :)
Зошто фактички го кријат?!


https://youtu.be/vqqhaF48-bQ?feature=shared


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14578 на: 18 Август 2024, 22:55:38 pm »
Сакам...
 



Ама нема, ќе почека...

Sent from my Xiaomi 13T

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14579 на: 18 Август 2024, 22:59:23 pm »
Изгорен си за цитроен :)


Sent from my iPhone using Tapatalk