Па да, на вуферот кросоверот е ставен најниско, т.е. на 50Hz. Кај JBL-от имаше преклоп на басот, затоа што свират од 42HZ (до 16kHz) и со вуферот басот беше пренагласен, а високите и средните ко да фалеа. Басот на LSR305 е подлабок од A5X, за нијанса помалку прецизен, т.е. има помал attack. Меѓутоа кај високите LSR305 потфрлаат за многу во однос и на A5X и на A3X, како со гласност така со деталност и динамичност. Но нели колку пари толку музика, LSR305 се 18.5К, а A5X 46.4K денари. A5X-ов свират од 50Hz до 50kHz и со вуферот кој свири од 35Hz со наместен кросовер на 50Hz се комплементираат. Вуферот само ги надополнува А5X-от во опсег каде неможат да отсвират. Сите три звучници се наместени на исто растојание од мене и работат во фаза така да перцепцијата е дека звукот доаѓа само од A5X-от. Практично сега имам одличен звук во опсег од 35Hz(+- 4dB) до 50kHz(+- 4dB).