прво и основно и јас никогаш не сум те навредил, а тоа “копиле“ што го внесуваш во секој мој цитет е твоја измишљотина//
Никогаш не си ме навредил? Сериозен си?
"вашето “ценето“ мислење може да го закачите знаете каде..." не е навредливо?
"безобразен“ не е навредливо? Пофално е?
"човек што ја изопачува (извртува) вистината." не е навредливо?
"човек со зла намера и извртување на мислите и зборовите на другите луѓе“ (дефиницијата за „изопатор“) не е навредлив0?
"со тебе у кафана? никогаш“ не е навредливо?
"еден така убав чин како седење во кафана сам себеси да си го упропастам свесно седнувајки до/со него." не е навредливо?
Што е ако не е навредливо? Пофално ли е?
И тоа, пази, ова е набрзинка што извадив од последните две наши „дискусии“. Ако зеам да вадам у историја, има цел чаршав вакви нели ненавредливи цитати да извадам.
Со „копиле“ не те цитирам, туку фигуративно се изразувам.
ако ти кажам во живо и ми вратиш на исти начин како што враќаш тука на форумов, ке мора поинаку да дискутираме или да се објаснуваме, а тоа е непожелно и за тебе и за мене, а богами ни за присутните, верувај... една од ретките работи што ме спојува во реалниот живот со форумскиот виртуелен е краткиот фитиљ... 
Зошто те иритира ако те поправам кога ќе напишеш нешто неточно?
2. во темата за гуми, при снег и мраз откако те нападнав го едитираше постот...
:-) Остана оваа форумска мода, а? Кога некој ќе се најде у тесно, само треба да го обвини филип дека накнадно мењал постови. И готово. Завршена работа! Никој нит знае нит го занима дали филип НАВИСТИНА едитирал постови со задна намера. Ама, онак, сеа се заеба малце. Пази сеа:
Јас го напишав својот пост во 12:12, како што може да се види од линкот:
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,23.msg737262.html#msg737262Oд друга страна, ти твојот гневен одговор го прати дури 11 часа подоцна, после 23 часот, како што е евидентно:
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,23.msg737594.html#msg737594Доколку навистина ја сменев пораката 11 саати откако сум ја напишал,
одоздола ќе пишуваше дека сум ја сменил и кога сум ја сменил. Но, како што можеш да видиш, такво нешто нема.
Тоа значи дека јас не сум го едитирал постот, но значи и дака ти
1. си ми возвратил гневно без повод, на внимателно напишана порака на тема гуми, во која нема ништо навредливо,
2. тој гнев неќеш да го признаеш и
3. лажеш обвинувајќи ме дека сум ја сменил пораката, а не сум ја сменил. Тројка без коски!
Иронично, мене ме обвинуваш дека сум бил „човек што ја изопачува (извртува) вистината“. Срамота.
3. зарем до сега ниту еднаш немаш сретнато мој пост како се извинувам јавно и признавм дека сум згрешил? уште еден доказ дека не ги читаш до крај постовите, туку слепо контрираш на се што ке стигнеш..
Не, немам сретнато. Но, ајде ќе ти верувам на збор - некогаш можеби навистина си признал дека грешиш. Сепак, јас не го читам цел форум, туку најчесто само моите дискусиите во кои учествувам. Зошто мене не си ми признал ниту еднаш дека сум у право? Дали затоа што никогаш не сум бил во право? Или гордоста не ти дозволила?
и прекини више да ми реплицираш, со секое твое зборење се подлабоко запаѓаш во вртлогот што сам го правиш... аман више...
Или ќе престанеш да ме напаѓаш без причина, или стално ќе ти враќам (ко секој нормален човек) кога ќе ме обвиниш за превари со едитирање, за извртување на вистината и за што све не. А да не збориме што милион пути сам си се пријавил во некоја тема да ме пердашиш, кога нит сум те спомнал, нит сум те рчнал.
Не може така. Така да ги плашиш децата у маало, тука со големите поинаку ќе разговараш.