Вака човек кога чита ќе помисли дека секоја зимска гума е одлична, пошто гледам наназад сите ги испофаливте гумите што ги возите. Дали е она македонското, моето е најдобро, или стварно секоја зимска гума е добра?
Испаѓа дека нема потреба од скапи гуми, купи си ментор и накриви си ја капата 
За што македонско зборуваш?
Изнесуваме сопствени искуства. Ниту нешто фалиме, ниту имаме скриени агенди. Немој да бидеш типичен македонец.
Не ваѓај реченици од контекст. Генерално сакав да кажам, по она што го читам дека сите се задоволни од брендот на зимски гуми што го возат. Дали е тоа така само за да го оправдаат нивниот избор или навистина е така, не знам, затоа и пишав. Генерален беше заклучокот дека секоја зимска гума си е добра за крај нели 
Иначе јас можам да кажам дека сум разочаран од BF GOODRICH на службената кола, за разлика од SAVA ESKIMO S+, иста димензија се гумите а разликата е голема.
друже,,, морам да ти одговорам... иако овдека генерално членовите на овој форум се заљубени во своите возила (фигуративно кажано) сепак некои 10-15% од нив се многу искусни по одредени прашања, а воедно и несебично ги делат искуствата и советите. па така по прашање на зимски гуми ако убаво си ја прочитал целава тема ке сватиш неколку работи кои се објаснети:
-било која зимска гума е подобра од летна, за на снег и мраз
-секоја зимска гума од ист бренд не дава исти квалитетни резултати на иста димензија. на пример тигар гумата со димензија 15 и 16 е ненадмашна во својата класа за тие димензии.. меѓутоа на 13, 14 и поголемите е реалтивно послаба... тоа се должи на типот на шарата и нејзината нагазна површина. јас конкретно возам тигар на предни тркала и семперит на задни. лани имав семперит комплет сите 4 и констатирав дека семпаеритот за моето возило не се баш нај нај за на погонски тркала, меѓутоа за правец држење со повеке од одлични. претходната година пак имав на фулда комплет, преттоа мишелин. од моето искуство мишелиниот и тигарот се врвот што може да се добие од стабилност и тркација на снег за ова возило. на водно вчера двапати се симнав и качив и ладно си застанував и чекав другите да се одглават за да продолжам нагоре, без притоа да имам никакви потешкотии во тргањето...
поентата ми е дека, за секоја кола, со својата тежина има и соодветна гума со шара за да добие убава тркација (т.е. лепење на нагазната површина).. кога ова што го кажав, ке го споиш со погоре објаснетото дека многу луге прашуваат и добиваат коректни одговори по ова прашање на овој форум, ке дојдеш до заклучок дека многу членови се задоволни од брендот што го возат затоа што направиле вистински избор за нивното возило... затоа и има задоволни луѓе. јас на годишно ниво менувам по 8 комплети гуми, па од искуство можам да кажам.. сум пробал се и сешто.. а такви како мене ги има многу. тоа е тоа.. затоа сите се фалат од својот избор тука. никој не си го фали коњот затоа што е негов, нити пак си го правда личниот избор, поготово што на ПОВЕЌЕТО при изборот тука им било помогнато од членови кои имаат искуство по тоа прашање.. на пример имаме членови кои со службени возила (претежно автомобили) проаѓаат по 200-300 па и повеќе километри дневно и во град и на отворена релација.. може не се авто експерти, ама затоа за гуми, потрошувачка, брисачи, средства за стакла, греење, навлаки, хемикалии, масла и некои такви детали кои само со искуство се дознаваат, ги прават експерти во тоа поле, иако тоа не им е професија.
ако ме разбра арно, ако не, јбг, толку можам да ти појаснам...