Автор Тема: Санирање на гребаници на боја  (Прочитано 49061 пати)

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Санирање на гребаници на боја
« на: 07 Октомври 2014, 10:00:58 am »
Здраво дечки,
за викендот некој ме "поздравил" на паркинг, така да сега над задното десно тркало има гребаници.
Гребаниците се длабоки, не е само лакот тргнат, туку и бојата е изгребана.
Ќе може ли некој совет да ми дадете како е најдобро да се санира ова?
Како што гледав на нет, наводно не можеле сите локални мајстори да ја погодат точната нијанса на овие новите повеќеслојни бои.
Мојата е Soul Red и е трислојна боја.
Гледав на нет ти има овие Touch up paint, официјални што се од Мазда, па се мислев да набавам едно вакво
http://shop.crayford-mazda.co.uk/product/Soul_Red_Touch_Up_Paint_Kit_(41V)_90007771141V
Па потоа да пробам сам да ги санирам или да ги однесам на некој добар мајстор.
Имам каско на колата, но тоа е со 200 евра франшиза, така да мислам дека ова нема да се покрие.
Во прилог, една слика од гребаниците, колку да видите за што станува збор.
Секој совет е добредојден.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29845
    • CARclub.mk
Одг: Санирање на гребаници на боја
« Одговори #1 на: 07 Октомври 2014, 10:23:33 am »
Контактирај ги во официјалниот сервис, ќе ти кажат цена. Мислам дека ќе добиеш нормална и прифатлива цена. Жално е нова кола со ваква гребаница да се вози, или пак да биде „прикрпена“.

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Санирање на гребаници на боја
« Одговори #2 на: 07 Октомври 2014, 11:51:35 am »
Прикрпена никако, ќе гледам да се среди како што треба.
Им пишав веќе на мазда, ќе им поминам деновиве да видиме што ќе кажат.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29845
    • CARclub.mk
Одг: Санирање на гребаници на боја
« Одговори #3 на: 07 Октомври 2014, 11:54:31 am »
Побарај ме кога ќе бидеш во Скопје, да ти дадам Карклуб налепниче за Маздата. :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20713
Одг: Санирање на гребаници на боја
« Одговори #4 на: 07 Октомври 2014, 12:12:40 pm »
Спикинг оф налепничина, малу офтопик да идам... Некни у Маврово, чинам некој од О’риѓаните беше, ми побара налепница, така да, не ќе е лошо нова тура да се прави (ако нема у моментов нали :))
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Санирање на гребаници на боја
« Одговори #5 на: 07 Октомври 2014, 12:13:19 pm »
Кај мене има уште,ако сака некој.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Санирање на гребаници на боја
« Одговори #6 на: 07 Октомври 2014, 13:31:58 pm »
Побарај ме кога ќе бидеш во Скопје, да ти дадам Карклуб налепниче за Маздата. :)
Зеро, јас Скопје живеам, ти споменав мислам и предходниот пат кога се зборуваше за налепници :) Ајде кажете некој ден кога ќе се собирате на кафе мафе,  ќе поминам и јас, па ако може да добијам налепница ќе биде супер :)


Назад на темава, ваков вид гребаници може да се средат само со локално нанесување на боја и лак на местата, или ќе треба да се шмиргла бојата од околу? Нека пише некој со повеќе искуство.
Фала.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5839
Одг: Санирање на гребаници на боја
« Одговори #7 на: 07 Октомври 2014, 13:33:06 pm »
Оди мајсторе види во овластен, можеш и во јаја или сатра ќе ја погодат бојата , ќе мора да се ишмиргла да се префарба и да се фати поголем дел не може само на тоа место, пошто ќе дели. Ништо не е ова. Така како што си читал по темите ќе биде фушерај иди нека ти ја средат цакум пакум.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29845
    • CARclub.mk
Одг: Санирање на гребаници на боја
« Одговори #8 на: 07 Октомври 2014, 13:43:11 pm »
Побарај ме кога ќе бидеш во Скопје, да ти дадам Карклуб налепниче за Маздата. :)
Зеро, јас Скопје живеам, ти споменав мислам и предходниот пат кога се зборуваше за налепници :) Ајде кажете некој ден кога ќе се собирате на кафе мафе,  ќе поминам и јас, па ако може да добијам налепница ќе биде супер :)


Назад на темава, ваков вид гребаници може да се средат само со локално нанесување на боја и лак на местата, или ќе треба да се шмиргла бојата од околу? Нека пише некој со повеќе искуство.
Фала.

Не знам зошто имам умислено дека живееш во Охрид. Моја грешка. :)

Секој понеделник од 17:00 во Чилин, карши ДМ на улица Орце Николов.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Санирање на гребаници на боја
« Одговори #9 на: 07 Октомври 2014, 13:50:57 pm »
со оглед на тоа дека бојава е нова,ако се погоди истата нијанса и се исполира можеби ќе двои ептен малце на почетокот после ќе се израмни,иначе ќе треба некој 2-3 сантима околу гребаницата да се отиде ништо страшно,ако ти викаат дека треба цела страна да се фарба тури им пепел,барај мајстор што ќе го санира само изгребаното

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Санирање на гребаници на боја
« Одговори #10 на: 07 Октомври 2014, 13:53:24 pm »
Од Охрид сум по потекло, затоа е збунката  :D
Епа договорено, следен Понеделник после работа ќе ви поминам. Пиши бројче ако не ти е проблем, или пак можеби доволно ќе биде да му кажам на конобарот кај се овие од CarClub  ;D

@Allexxander и Smichka, фала на инфото.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Санирање на гребаници на боја
« Одговори #11 на: 07 Октомври 2014, 15:06:16 pm »
Ако ти е у спат да поминуваш кај Реплек,фабриката,5ка автобусот каде што поминува,уличето после "Кај чичо" кафанчето има работилници,т.е гаражи.Побарај го Блајо нека ја види,он работи со понови возила,исклучиво понови и средува вакви ситници.Имам гледано како работи,нема утка кај него.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3466
Одг: Санирање на гребаници на боја
« Одговори #12 на: 07 Октомври 2014, 18:06:13 pm »
Уфф добро е! За малце помислив дека го упатуваш кај Боро.

Отсутен latko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Санирање на гребаници на боја
« Одговори #13 на: 09 Октомври 2014, 09:50:59 am »
Дечки, бев денес до салон, ја видоа ситуацијата, не е многу страшно, но добро е да се санира со време.
Не ми препорачаја да одам кај некој маалски мајстор поради специфичноста на бојата. Може да се покрие и со тие коректорите за боја, но нема да изгледа баш како ново.
Ми препорачаја да одам во Сатра или во Новус. Тука на форум читам дека често се спомнува и Јаја, па ќе проверам и таму, и евентуално овој Блајо кој што се спомена.
Што мислите за наведените опции?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20713
Одг: Санирање на гребаници на боја
« Одговори #14 на: 09 Октомври 2014, 09:52:38 am »
Со Јаја имам одлично искуство.

Сатра би требало да се добри, иако ги бие глас поради висината на чинење на услугата.

За Новус и Блајо не знам.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.