Денеска најден и "решен" еден досаден проблем што го имав веќе некое време.
На ниски обртаи до 2000-2100RPM колата немаше скоро никаква снага и почнуваше да влече над тоа, ама некако млитаво да речам.
Проверени МАФ сензор, дизни, вакумски црева, Турбо, регулатори и што уште не ситници, за на крај да се најде следниот проблем:
1.Регулаторот на турбото работеше ама не како што треба, заменет со нов, дефинитивно подобрување на снагата на колата над 2100RPM, но под тоа пак ништо, а и одзивот на гаста пак тромав,
2.Вистинскиот проблем, предниот катализатор (не знам технички термин) внатре комплетно празен, а вториот бил отворен, внатре заварени цефки и наполнет со некоја волна ли што го знам материјал и комплетно запушен, ѓубре или што и да беше максимално полно.И за крај, задниот лонец во лоша состојба, дел скапан, и исто полн со што и да беше внатре.
Сега за сега, сменет комплет ауспухот од задниот катализатор, а катализатори исчистени од сето срање и вратени назад (празни)....тоа беше моментално решение (препорачано од мајсторот), не знам дали да оставам така или не.
И да, колата е моментално препородена, одзив на гас феноменален, во овие 2 години како што ја имам не била вака (и малце побучна, за нијанса).
Се надевам дека можеби ова имаше врска што знаеше и на полна гас да отиде во лимп мод и освен ЕГР не јавуваше друга грешка, ама тоа ќе видиме.