Редовен, малку проширен сервис:
- моторно масло Fuchs TITAN Supersyn Longlife 5W-40
- маслен филтер Hengst
- глицерин Fuchs Maintain DOT 5.1
- филтер за плин
- масло во мењач Fuchs TITAN SintoFluid 75W-80
- свеќици Denso K20TT
Претходното масло помина негде 7-8000, маслото во мењачот и глицеринот незнам кога/дали биле менувани, свеќиците поминаа нешто над 30000, филтерот за плин околу 25000. Се осеќа мало подобрување во поглед на менувањето на брзините, ама можи ке си бара и менвање на сет ламела потаму(притресва моторот на тргање кога е ладна). Исто проверено подвозјето и е ок, следно би можело да се смени еден држач на мотор и гумиците на балансштангла. Се на се задоволен од Астрата, ќе видам како ќе биди со новите течности и свеќици.