Автор Тема: Mercedes c220 CDI W202  (Прочитано 15896 пати)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Mercedes c220 CDI W202
« Одговори #30 на: 19 Мај 2015, 21:55:25 pm »
Да ја обновам темава со еден проблем што уште ме мачи веќе неколку месеци.

Сеуште имам проблем што често знае во возење колата да оди во "Safe Mode" (претпоставувам), т.е. губи снага, турбото не влече и не оди над 3000 обртаи.

До сега сменив кај Влатко Бенз луфмасер (како и да се вика), ЕГР комплет и последно беа ротирани како што разбрав регулаторите на турбото и ЕГР-от (како што запомнив).

Ова беше променето негде Ноември/Декември и од тогаш немав проблем цело зимо, се до последниве 2-3 недели, кога повторно почна често да ми се случува.

На дијагностика не јавуваше никаква грешка, EPC сијаличката не ми се пали кога ќе се случи, и со гаснење и палење на колата пак си вози нормално до нареден пат (кој знае да биде после неколку дена).

Ова најчесто го имам приметено да се случува кога крузам на отворено во 4-та,5-та на ниски обртаи и ми треба да забрзам, ама не сум сигурен, башка цело зимо ја возев немав мака.

Деновиве пак ќе ја носам кај Влатко, ама во меѓу време да не има некој искуство со ваков проблем?

Имаш мака со boоst контролата. Каде и како не знам но ова е случај кога најчесто се јавува овербуст и добиваш „олабавување“ во сејф мод до следно палење.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Mercedes c220 CDI W202
« Одговори #31 на: 19 Мај 2015, 21:57:30 pm »
Баш тоа сега ќе пишував, најверојатно е овербуст.
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Mercedes c220 CDI W202
« Одговори #32 на: 13 Јуни 2015, 17:38:48 pm »
Денеска бев во сервис и следново беше направено:

-сменети регулаторите на турбото и егр-от.Приметив разлика во забрзувањето со новите регулатори.Со старите кога ќе дојдев на 2000RPM одеднаш добивав силно повлекување од турбото, а со новиве, од 2100 почнува да влече и на 2600-2700 е појако чувството.Е сега искрено не знам дали треба да биде како со старите или новите.Влатко ми рече дека е добар вака мерцедесот па ќе видиме.Мене вака ми прави ќеиф повеќе, се тешам демек бензинец возам, пуста желба за V6 атмо :)

-поправена задна лева шепа што ми блокирала, вчера на симнување од плетвар изгубив кочници во критичен момент, среќа се се заврши во ред, останува глицеринот комплет да го сменам деновиве

-треба да ја сменам цела предна спона, договорено за 2 недели

-два амортизери ми се за менување, ама ќе ги сменам сите 4.Е тука ми треба помош од вас, дајте препорака со што да ги сменам, сакам да ја стврднам вожњата, особено во кривини на Плетвар :) Дали има на лагер Bilstein или што би препорачале со поспортски перформанс? Евентуално може и некое спиралче малце да легне, ама тоа можеби.

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Mercedes c220 CDI W202
« Одговори #33 на: 24 Јуни 2015, 15:32:31 pm »
Купено глицерин 1 литар од МАС,а да не се урочам сега за сега уште немало проблем со турбото.


Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Mercedes c220 CDI W202
« Одговори #34 на: 27 Јуни 2015, 14:31:18 pm »
Јас денеска пак на сервис, се осеќам како да имам Алфа купено :D

Сменето следново:

-Централна спона, држачи и чаури од Lemforder

-Сменет глицеринот, модел не знам, заборавив да прашам во МАС што користат

-Задна десна спирала на крајот беше напукната, корегирана

-Центрирана предница

Сега предницата делува фантастично, ни крцка, по дупки смирена, милина.Е ќе видиме до кога ќе издржи.

Сега сум спремен за тура до Имачка и Хрватска.

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Mercedes c220 CDI W202
« Одговори #35 на: 15 Јули 2015, 23:57:53 pm »
Додека сум на одмор низ Имачка, го однесов мерцедесот малце да го освежат...

Поминато со 3 дози подвозјето...










Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Mercedes c220 CDI W202
« Одговори #36 на: 07 Ноември 2015, 17:51:44 pm »
Апдејт на темава...

Последно сменето:

     -Водна пумпа (Graf PA752)
     -Антифриз Total 5 L
     -Дестилирана вода 5 L
     -Сменета цефката што иде од среден во заден лонец комплет
     -Корегирани флеки од малтер најверојатно
     -Задни шепи
     -Чаури и јабучици
     -Комплетен сервис (уље, филтри се комплет)

И денеска се подновив со Сава Ескимо S3+ четири комада.Се мислев неколку недели дали да земам Michelin или Continental, ама ај си реков да им дадам шанса на Савата.Башка неколку луѓе што возат Michelin ми рекоа да ги пробам Савата, па ако не ги бива ќе земам нешто премиум, сега ми е битно само на снег да немам мака со задниот погон како лани со 4 сезонските Goodyear што се мачев.

Единствено срце ме боли колку грдо изгледа вака...



Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: Mercedes c220 CDI W202
« Одговори #37 на: 07 Ноември 2015, 18:06:20 pm »
Супер ти е мечето друже. Сакав да те прашам, како се движи потрошувачката?

Присутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Mercedes c220 CDI W202
« Одговори #38 на: 07 Ноември 2015, 18:13:08 pm »
Земи си раткапни и немаш гајле, а и не си згрешил со Савата добра гума е.
New blood of old school

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Mercedes c220 CDI W202
« Одговори #39 на: 08 Ноември 2015, 11:21:57 am »
Супер ти е мечето друже. Сакав да те прашам, како се движи потрошувачката?

Искрено никогаш точно немам мерено, од груба математика на отворено околу 6-6.5, а низ град околу 7.5-8 сум, ама не го влечам на 1500 обртаи скоро никогаш.Инаку може да биде и помалце, ама тоа ако друг го вози :)

Земи си раткапни и немаш гајле, а и не си згрешил со Савата добра гума е.

Баш тоа барав вчера, ама по огласиве многу слабо, но мора да земам, вака не бива.Супер чим Савата е ОК, многу бев скептичен дали да ги земам.

Иначе денеска ми стигна и еден дел што некое време го чекав, конечно квалитетно парче да заличи...




Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: Mercedes c220 CDI W202
« Одговори #40 на: 08 Ноември 2015, 15:27:17 pm »
Фала за информацијата друже. Сакам да земам W202, а 190ката да си ја оставам онака за мерак. Е сеа не можам да се решам дали 220 CDI или 250 D.

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Mercedes c220 CDI W202
« Одговори #41 на: 10 Ноември 2015, 12:28:33 pm »
јас ке речам само дека дизел без турбо е грев да се купи во денешно време

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Mercedes c220 CDI W202
« Одговори #42 на: 10 Ноември 2015, 15:21:02 pm »
Убаво мераклиско одржување. Битолчанец на место :D

Него, малце несмасно ова со битуменот или мене така ми се чини.

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Mercedes c220 CDI W202
« Одговори #43 на: 11 Ноември 2015, 09:15:30 am »
Убаво мераклиско одржување. Битолчанец на место :D

Него, малце несмасно ова со битуменот или мене така ми се чини.

Немој вака сега, уште се тешам дека сум Скопјанец :D .... барем уште 7 месеци додека потпишам дека земам битолска невеста :)

Иначе за битуменот искрено не знам, немам до сега јас лично право, али со оглед на тоа што идниот дедо го правеше, не ми беше паметно да мудрувам многу многу :) , а и со време бевме притиснати тогаш.

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Mercedes c220 CDI W202
« Одговори #44 на: 09 Јули 2016, 23:29:42 pm »
Денеска најден и "решен" еден досаден проблем што го имав веќе некое време.

На ниски обртаи до 2000-2100RPM колата немаше скоро никаква снага и почнуваше да влече над тоа, ама некако млитаво да речам.

Проверени МАФ сензор, дизни, вакумски црева, Турбо, регулатори и што уште не ситници, за на крај да се најде следниот проблем:

1.Регулаторот на турбото работеше ама не како што треба, заменет со нов, дефинитивно подобрување на снагата на колата над 2100RPM, но под тоа пак ништо, а и одзивот на гаста пак тромав,

2.Вистинскиот проблем, предниот катализатор (не знам технички термин) внатре комплетно празен, а вториот бил отворен, внатре заварени цефки и наполнет со некоја волна ли што го знам материјал и комплетно запушен, ѓубре или што и да беше максимално полно.И за крај, задниот лонец во лоша состојба, дел скапан, и исто полн со што и да беше внатре.

Сега за сега, сменет комплет ауспухот од задниот катализатор, а катализатори исчистени од сето срање и вратени назад (празни)....тоа беше моментално решение (препорачано од мајсторот), не знам дали да оставам така или не.

И да, колата е моментално препородена, одзив на гас феноменален, во овие 2 години како што ја имам не била вака (и малце побучна, за нијанса).

Се надевам дека можеби ова имаше врска што знаеше и на полна гас да отиде во лимп мод и освен ЕГР не јавуваше друга грешка, ама тоа ќе видиме.