Да ја обновам темава со еден проблем што уште ме мачи веќе неколку месеци.
Сеуште имам проблем што често знае во возење колата да оди во "Safe Mode" (претпоставувам), т.е. губи снага, турбото не влече и не оди над 3000 обртаи.
До сега сменив кај Влатко Бенз луфмасер (како и да се вика), ЕГР комплет и последно беа ротирани како што разбрав регулаторите на турбото и ЕГР-от (како што запомнив).
Ова беше променето негде Ноември/Декември и од тогаш немав проблем цело зимо, се до последниве 2-3 недели, кога повторно почна често да ми се случува.
На дијагностика не јавуваше никаква грешка, EPC сијаличката не ми се пали кога ќе се случи, и со гаснење и палење на колата пак си вози нормално до нареден пат (кој знае да биде после неколку дена).
Ова најчесто го имам приметено да се случува кога крузам на отворено во 4-та,5-та на ниски обртаи и ми треба да забрзам, ама не сум сигурен, башка цело зимо ја возев немав мака.
Деновиве пак ќе ја носам кај Влатко, ама во меѓу време да не има некој искуство со ваков проблем?