Автор Тема: Компатибилност помеѓу амортизери помеѓу возила на иста платформа  (Прочитано 2970 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Прво, ќе ве замолам без предрасуди. Финансиите за одржување на возилото се ограничени, а да се одржува - мора.

Второ, заради озлогласеноста на репарираните амортизери, се решив на половни амортизери, нормално здрави. Е сега, Alfa 145/146 е релативно ретка кола во Македонија. Ги има малку по улиците и уште помалку по отпадите, паби било тешко да се најде донор-кола за амортизери.

Се работи за Fiat Type Two платформа на возила, која се користи во следниве возила:

- Alfa: 145/146, 155, прва генерација GTV/Spider
- Fiat Tipo, Bravo/Brava, Tempra
- Lancia (не знам точно кои модели).

Прашањето: дали амортизерите на погоре наведените возила се компатибилни меѓу себе? Ме интересира дали пасуваат на држачи, rebound rate не ме интересира зошто колата ќе продолжи да се вози на спортски пружини.
Со оглед на тоа што деловите за предница (вилушки, стабилизатори, чаури, горни јабучици и сл.) се компатибилни меѓу себе, дали е можно и амортизерот да е скроз ист кај сите модели? Дали е тоа случај и кај другите групации кои прават возила на истата платформа (Пасат и А4, Голф, А3 и Леон, Поло и Ибица, и.т.н.)?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore

Ова - грешка! Баш треба да те интересира, бидејќи ќе продолжи да се вози на спортски пружини.

Според Монро каталогот, различни се амортизерите за 145/146, но тоа не значи дека не пасуваат. Сепак, ќе треба со оригинал амортизер да отидеш и измериш. Должини на амортизерот, лежиштето за пружината, и сл. работи. Иако се работи за исти платформи, можни се модификации во должината на пружините и `одот на тркалото, па да бидат тотално различни амортизерите.

И секако, ако не најдеш оригинални веќе, а не можеш да си приуштиш нови (зошто не ги земеш NBNF во Автомобил), оди нека ти направат гасно полнење: http://amortizeri.mk/node/3 Барем добиваш 3 години гаранција, таман време да си собереш за 4 нови со коиловери ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Ова - грешка! Баш треба да те интересира, бидејќи ќе продолжи да се вози на спортски пружини.

Ги немам тестирано амортизерите досега, но по осет на колата, било каков rebound rate ќе е подобар од никаков rebound rate. Тоа ми беше поентата, знам дека си има огромно значење тоа.
Да одговорам и на другото: при пребарување на спортски спирали за 145/146, во описите на спиралите стои дека одговараат и на горенаведените возила (ако се зборува за лежиште на спиралата).

И секако, ако не најдеш оригинални веќе, а не можеш да си приуштиш нови (зошто не ги земеш NBNF во Автомобил), оди нека ти направат гасно полнење: http://amortizeri.mk/node/3 Барем добиваш 3 години гаранција, таман време да си собереш за 4 нови со коиловери ;)

Утре ќе се јавам да се информирам за цени за нови, и репарација на постоечките. Ако при репарација поминам со 110-120 евра за сите 4, мислам дека толку пари може да се одвојат.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Мислам дека ќе поминеш со 100-тина евра за репарација за сите.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Единствена разлика има мислам на некој модели каде што стабиизаторот од балансштанглата се монтира директно на самиот амортизер,иначе ти пасуваа од се ова погоре што наброи.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
По којзнае кој пат, јас можам со задоволство да ги препорачам Авто-Мобил за репарација. На Леонот ми ги средија задните амортизери одлично (во Порше ми бараа 100 евра парче, не можев да најдам заменски во тој момент, после неколку месеци донесоа Monroe Reflex) за 1200 денари парче и (тогаш) даваа 18 месеци гаранција. По некое време едниот малце попушти, се вратив, пријавив грешка, без никаков проблем го демонтираа и го средија пак амортизерот. Си тераше 2 години најмалку.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Јас не би ги препорачал Авто-Мобил после мојата последна посета на нивниот сервис, по кој ме уверуваа дека задните амортизери ми се комплетно отидени, а предните се пред рикање.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
И мене ми се случи истото со АХ-от, очигледно е дека гледаат само да ти продадат. Инаку лично сум против репарирање, а NBNF се кинески, така да би ги прескокнал Авто Мобил.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Со оглед на тоа што знам дека амортизерите се капут, и да ги тестираат не ми прави никаква разлика. До пред некој месец задните беа океј, ама и тие пуштија душа во исто време, и лев и десен.

Иначе, зависи од цената што ќе ми ја соопштат утре, може и да одам на нови задни. На една онлајн продавница начекав комплет задни Монро (не се Рефлекс, ОЕМ спецификација се) за 3300 денари. Ако е ептен поефтино да репарирам, ќе ја скокнам таа опција, ама морам да признаам изгледа примамливо.
Битно, утре покрај АвтоМобил ќе ги прочешлам и растурачите на Фиат, да видам како се тие расположени со цени.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Ќе се обидам наједноставно да ти помогнам. Опциите ти се:

1. Отвори каталог на Монро, ќе видиш кој каталошки број е. Тој што го дава тој е. Истовремено ќе ти каже и кои други модели на коли пасуваат со тој амортизер. Се друго е балкан шит. Митови, претпоставки итн.. дека се тоа е исто, фак ит.
2. Кога ќе видиш со кои коли е компатибиел, барај и друг бренд, но секогаш кога бараш провери си дали е тој каталошки број со официјалната страна.
3. ВО АвтоМобил не ти препорачувам да менуваш амортизери поради склоноста да наплаќаат висока цена за работна рака за Алфа. Ти за секој случај прашај си, се што е надвор од 300-350 ден по амортизер е нереално.
4. Репарирање и слично, мојот став си го имам кажано, не. Можеби со гасно полнење ќе се подобри трајноста и квалитетот на репарирањето но тогаш цената доаѓа на 60-70% од нов амортизер.
Е извинете ама фабрика и репарација се различни работи. Да не зборам што имаш некои ефтини заменски амортизери, нови со гаранција.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
За позади земи си од пунто мк1,пократки се мислам за 3цм и одлично ќе дојдат за спуштена кола,нови се наоѓаат за некојси 1000ден парче во еуро07 кинески гасни ИТН со 1 година мислам гаранција,за напред ќе мора стандард да земеш нема опција за пократки освен да ти ги репарираат твојте во автомобил и да ги скратат и во тело и во осовината,да ти направат малце подобар сетап на вентилите и гасно да ти ги наполнат.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Јас не би ги препорачал Авто-Мобил после мојата последна посета на нивниот сервис, по кој ме уверуваа дека задните амортизери ми се комплетно отидени, а предните се пред рикање.

Рикнати на 25.000 а? Па тие имаат ли поима како изгледа и се понаша задница со рикнати амортизери?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Би требало да имаат, ама по све изглеа, побитно им е да ти продадат нешто, отколку да ти кажат навистина што е, како е.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг:
« Одговори #13 на: 29 Август 2014, 19:19:18 pm »
За компатибилност или не мислам дека tecdoc не лаже.