Ама тоа е поентата, за под 15,000 евра изборот е екстремно мал, на граница со непостоечки. Останува или некоја мала кола, која може да не ти врши работа ако бараш прва кола. Или ти останува тапа мотор кој нити прави задоволство нити е нешто преекономичен. Ти останува избор од некој застарен модел. И остануваат коли кои не ги бива. Заглавен си во тој квадрат на избор, и нема надвор. А понудата на користени возила е огромна. Немора БМВ или Мече ко што велиш. Може едноставно Акорд на старо или Авенсис, или Алфа, или Мондео. Тие според мене се ОК избор, од кои има сигурно и подобро, ама споредено со Астра 1.6 или Фокус 1.6 или Аурис 1.4 мислам дека изборот е секогаш на страната на користеното возило.
Значи зборуваме за пола, до една класа повисоко возило од новото. Не за 4 класи. Значи со пари од Ц1, не се зема Е класа. Ама со пари од Аурис 1.4 се зема Авенсис 2.0 Д4д. И ќе ти остане нешто кеш за средување и сервис.

Што му фали на Меган дизел за под 15.000 или пак Астра класик со 1.6 бензин. Не гледам потреба за поголема кола(дури и овие се големи), за која би плакал поголема регистрација поскапо каско и поскап сервис, само поради тоа што кога одиш на одмор сакаш цела куќа да ја спаковаш во багажникот.
На Меганот најверојатно му фали едно или две нивоа на опрема, за да е во ред. А на астрата и фали мотор, ако зборуваме за новава. Пре би одел на фул набиена астра класик дизел него ли да фрлам пари на нова астра со 1.6 мотор, и два пати месечно инфаркт да ме стега кога ќе ставам бензин, на тоа багерот бетонски. Инаку колите се во ред наполно, само како што реков за 15.000, не се баш по мерка. А и незнам кај го виде меганот, баш сега барам за толку пари. Сигурно тоа и без тркала е... Околу 15.500 е најефтиниот, и тоа гол. Како и да е не е тоа кола што би бирал. За до 15.000 тие две никако. Може Фиеста дизел, напунета до даска или евентуално Фиат 500 дизел, напунет до даска. Исто има и Клио дизел до даска напунето за тие пари и секако Поло ТДи.
Не би одел на основен пакет, за мене лично. Пре би возел помала кола, стокмена, отколку поголема - основна. Kaко што и нели е случајот.