Мислам дека повеќето тргаат лично од нивните финансиски можности, односно во износи до максимум 15 илјади, а тогаш изборот е ограничен, односно може да се купи само градски автомобил, или некој од компактите со основен мотор и опрема.
Еве на пример за 25илјади купивме дома нов Акорд 2.0, за истите пари можеше да се земе Мерц/БМВ кој нов чинел 2-3 пати повеќе. Но ниту ми треба повеќе луксуз (нема лошо да дојде), ниту ако возам некоја од тие некој стварно повеќе ќе ме цени, а и поголема кола не ми треба, односно не ми е неопходна.
Ако беше дизел ќе трошеше помалку, опремата ќе беше горе доле иста, ќе имав поскапа значка, повеќе премиум чувство на гзот, порафинирана возња можеби и слично. Но ќе имав повеќе трошоци за побрзо време (ќе беше близу 100.000км), ќе имав повеќе можност за неочекуван квар кој може повеќе да се случи на таа километража отколку на ново возило од салон, немаше да имам гаранција, немаше да сум 100% сигурен што се случувало со колата до тогаш(дали некој ја газел на ладен мотор секое сабајле, дали некој прв пат возел турбо дизел па не знае како се вози истиот итн.) и слично.