Автор Тема: Половна кола VS Нова кола?  (Прочитано 105972 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #165 на: 09 Септември 2011, 11:20:26 am »
Секогаш кога ќе се може: Ново!
Еве зошто:
Fiat Stilo 1.4 16v, 2004 година октомври. До сега поминати 120-130-тина илјадарки (треба да видам колку е сега, сум заборавил).
Покрај редовните сервиси на уље и филтри (според книга) до сега сум имал ваквки трошоци:
1 промена на каиши и затегачи
1 промена на предни дискови
2 промени на глицерин и антифриз.
2 промени на свеќици
1 термостат за вода
1 промена на амортизери
1 промена на предни вилјушки и спони (последниве две, сигурно се последица на потврдата амортизација и спуштањето за 4цм)

Вкупно трошоци сосе редовни сервиси за овие 5 години не се ни 1.200-300 евра.

Алфа ромео 166 Декември 2005 . купена во Април 2011 со 120-тина илјади км.
После пола година:

1. дадени 100е за предница (ќе ми јаде уште 100е, осеќам)
2. Дискови и гуртни предни (150-160е)
3. термостат за вода околу 70-80е
4. брава за сувозачка врата (отиде електрониката - на старо 50е на ново не сакате да знаете)
5. Амортизери - барем 500е
6. Изгледа ќе треба да мењам хладњак и/или хладњаче грејач за во кабина (барем 400е за двете)
7. Заден лонец - плаче за нов - 200е
8. Сајли за кочници, плачат за нови 200е
Кај и да е, ќе треба комплет свеќици 100е,
Комплет каиши 300-400е,
и ред други работи што си доагјаат со кола што има поминато 150-160 илјади километри.
Покрај тоа вграден плин 500е, купени нови ксенон сијалички (амазон да е жив и здрав 100 долари само, инаку 200е ке отидеа), купени нови пружини, старите се омекнати - попуштени 200е
Треба козметичко средување на каросерија (зависно од тоа колку сакам средена да биде од 250-900е)

Да не се лажеме, алфата е навистина добра и веројатно 90% од лугето нема да променат ни една десетинка од работиве (како пружини и амортизери и сајли за кочници и ксенон сијалици - пошто старите уште светат, ама како?!).

Јас сакам колите да ми бидат во совршена форма, и без мана.  Разликата меѓу НОВА и ПОЛОВНА е што со новата ќе извозиш 150.000 безгрижни км пред да ги добиеш заебанциите што со половна кола веднаш ги имаш.

Ако ме прашате дали ми е жал што ја земав алфата на старо, не ми е ич, ама ако можев да земам нова алфа, никогаш немаше да погледнам стара алфа.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #166 на: 09 Септември 2011, 11:30:01 am »

Ако ме прашате дали ми е жал што ја земав алфата на старо, не ми е ич, ама ако можев да земам нова алфа, никогаш немаше да погледнам стара алфа.


Тоа е тоа :)

Али најчесто кај нас е случај, кога ќе имаш за нова Алфа 166, ќе земеш половно Масерати Кватропорте или Мерцедес С. Само рачунај тогаш овие трошоциве што ги наброја ќе бидат уште малце поголеми.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #167 на: 09 Септември 2011, 11:49:57 am »

Ако ме прашате дали ми е жал што ја земав алфата на старо, не ми е ич, ама ако можев да земам нова алфа, никогаш немаше да погледнам стара алфа.


Тоа е тоа :)

Али најчесто кај нас е случај, кога ќе имаш за нова Алфа 166, ќе земеш половно Масерати Кватропорте или Мерцедес С. Само рачунај тогаш овие трошоциве што ги наброја ќе бидат уште малце поголеми.

Тоа е муабетот !

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #168 на: 09 Септември 2011, 11:50:57 am »
Ќе си купам нов АСХ ;D ;D ;D ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #169 на: 09 Септември 2011, 11:51:25 am »

Ако ме прашате дали ми е жал што ја земав алфата на старо, не ми е ич, ама ако можев да земам нова алфа, никогаш немаше да погледнам стара алфа.


Тоа е тоа :)

Али најчесто кај нас е случај, кога ќе имаш за нова Алфа 166, ќе земеш половно Масерати Кватропорте или Мерцедес С. Само рачунај тогаш овие трошоциве што ги наброја ќе бидат уште малце поголеми.

Па ако е за малце - ОК :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #170 на: 09 Септември 2011, 11:57:27 am »
Ќе си купам нов АСХ ;D ;D ;D ;D

И да си купиш, во кола да се повозиш...не у тоа Нацистичката Плинска Комора....." Друже Германааааццц.....Друже Гермaнаааац....отвори....угушичемо се овде....!" ;D ;D ;D

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #171 на: 09 Септември 2011, 12:00:00 pm »
Ќе си купам нов АСХ ;D ;D ;D ;D

И да си купиш, во кола да се повозиш...не у тоа Нацистичката Плинска Комора....." Друже Германааааццц.....Друже Гермaнаааац....отвори....угушичемо се овде....!" ;D ;D ;D
Ќе си купам кога ќе прдне мртовец ;D ;D ;D ;D
Не е бе до толку опасно . :D ;D

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #172 на: 09 Септември 2011, 17:31:19 pm »
Според мене ова прашање е многу покомплексно од што на прв поглед изгледа. Дилемата може засекогаш да остане ако на работите гледаме црно-бело. Екстремни примери од типот дека некој купил кола на старо па остарел од неа :) има, како што има и такви кои културно отишле во салон, и за несрека налетале на „lemon-car“ http://en.wikipedia.org/wiki/Lemon_%28automobile%29 Полошо од да ти се расипе стар автомобил е да ти се расипе нов автомобил.

Но како и да е, екстремните случаи кои ги прераскажуваме се одлични за да се пренесе поентата, но тие во никој случај не ја отсликуваат реалноста која како и секогаш е некаде на средина.
А за да го покажам тоа ке направиме една анализа:

Од сите кои имаат потреба и можност за автомобил, претпоставувам 70% се под лимитот од 7000 евра, со кои вероватно може да се купи автомобил од салон.
Од друга страна некои 5% имаат неколкукратно повеќе од долниот лимит така да и за нив оваа дилема е безпредметна.
Значи ни останаа некои 25% мачни души на распетието меѓу желбите и можностите. Од анализата ги отфрлам оние кои планираат помош од страна (кредит, лизинг, ...) затоа што за нив ионака нема дилема, за нив проблемите ќе бидат од поинаков карактер, а тоа е вредно за некоја нова тема.

Оставме на некои 25% со спремен кеш од 10-20.000 евра. Бидејќи и јас едно време бев во таа група еве ги моите размислувања и препораки:
- За тие што тековно немаат автомобил, препорака е НОВ. Едноставно ве притиска потребата, немате време на располагање да си трчкате по огласи, плацеви и пријатели, да ја согледате реалната понуда и начекате релативно нов (2-3 год), солидно одржуван и неудиран автомобил.
- За тие е што посакуваат 3 класи поголем автомобил од можностите (пример: кеш за Поло, а мерак за А8), препорака е: закочете и уште одма во првиот салон. Во спротивно ќе се одлучите за стар, извозен и истрошен автомобил, кому му дошло времето за обемни сервиси, а на повисоките класи тоа значи колку Корса или Клио од 2005 !!!
- За тие што немаат никакво искуство и познавање на автомобили, механика и техника - салон му е мајката. Не дозволувајте за исправноста на возилото да ви гарантира и да ве носи на душа пријател, механичар или комшија кој има познавања. При купување на старо, секогаш постои ризик, затоа и се вели: „Мачка во врека“.

Ако не сте во ниту една од претходните групи дозволете времето да работи за вас. Не избрзувајте и не залетувајте се на првиот светкав автомобил со кожен ентериер, алу-бандаши и јако озвучување. Понекогаш токму вонсериските додатоци и модификации треба да ве оттргнат наместо привлечат. Не залетувајте се по многу опрема - навигацијата е COOL, но ако возите низ Македонија и најновите мапи имаат 4 булевари во Скопје без улични броеви, а слично е и за нашето соседство - ќе ги искористите најмногу во Западна Европа, се разбира ако патувате.
Не им верувајте на приказните на препордавачите дека автомобилот го возела жена, дедо или баба само во недела и до Лидл. Верувајте само на НЕФАЛСИФИКУВАНА сервисна книшка. Не дозволете да заслепите од желбата да го купите и да ги игнориратате и навидум очигледните работи за состојбата на автомобилот.
Разгледувајте смирено и без возбуда, еуфоријата на почеток често се претвора во разочурање на крајот. Ако е можно, преспијте, одложете ја одлуката неколку часа или за наредниот ден, за да ви се смират хормоните.
Особено внимавајте ако бојата е свежа, ако одредени делови се видливо почисти од останатите, ако моторот е свежо перен. На тој начин се маскирани сите недостатоци. Приметете ги сите гребнатинки на лакот, оштетувања на ентериерот и стаклата. Ако се мали не треба да ве одбијат од купувањето ама ќе помогнат како аргументи за симнување на цената.
Според мене најдобро е да се држите во класата на автомобил за кој имате пари во кеш (остатокот ќе го потрошите на уживање во прошетки со семејството и пријателите) или најмногу една класа погоре (ако имате пари за ново Пежо 207 не одете на повисока класа од Пежо 308 на старо).
Оптималното возило треба да е старо до 3 години и да има 40-60.000 км.
Да го продава сопственикот, наместо „прв братучед“, „внук“ или „вујко“ и да живеел во урбана а не во рурална средина.
Според изгледот на сопственикот можете многу повеќе да заклучите околу експлоатацијата на возилото отколку од неговите „искрени“ зборови.
Потргата по добар половен автомобил може да трае месец, два па и повеќе.

Ако сте во можност да ги следите овие препораки барајте половен. Кој не ризикува неможе ниту да добие, нели? Па и во тоа има одредена драж.
А можете да добиете повеќе воздушни перници и завеси, АБС, ЕСП - и други додатоци од ЖИВОТНА важност.
Почетната инвестиција ќе ви биде помала и помалку ќе губите од вредноста што сте ја платиле, па кога ќе ви здосади и ќе одлучите да го продадете може да се случи да не сте изгубиле ниту половина од тоа што го изгубил првиот сопственик.
Се потрудив да пренесам искуство, затоа што следејќи ги горните начела, досега не сум имал значајни проблеми со половно возило и нивното одржување се сведувало на тековно исто како и со ново.
Срека во изборот на сите, без разлика за каков автомобил ќе одлучат.
« Последно менување: 09 Септември 2011, 17:41:59 pm ZokiPet »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #173 на: 09 Септември 2011, 17:36:56 pm »
Б-раво Зоки. Се сложувам!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #174 на: 09 Септември 2011, 17:52:17 pm »
Да не го цитирам  Zoki5 во целост, апсолутно точно е се` што кажа, со една замерка, околу тековното одржување. Обично  (и најчесто) луѓето ги продаваат автомобилите пред да им престои некој поголем сервис, на пример промена на каиши и сл. По 60.000км рачунајте на скоро менување на дискови, плочки за кочниците, нов антифриз, глицерин во кочници, сет ремени, свеќици и сл. Сето тоа спаѓа во редовно одржување, кое чини пари кои треба да ги дадете, а не сте извозеле ни 10-20.000 км со колата. Не е проблемот да се поседува стара кола. Проблемот е да се доведе до ниво на нова (или онаква каква што јас би сакал да биде после 60-80 или 100 илјади километри)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #175 на: 09 Септември 2011, 18:05:44 pm »





Во контекст на темата, ипак мислам дека подобар избор е GT 4-5 години старо за околу 10 000 евра отколку ново MiTo. Јес да немам ништо против МiTo. Таков беше случајот и со 155 та, за тие пари имаше нова 145 со 1.4 Т.S.
« Последно менување: 09 Септември 2011, 18:08:54 pm Cuore Sportivo »

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #176 на: 09 Септември 2011, 19:29:30 pm »
.
« Последно менување: 04 Мај 2012, 23:36:54 pm zippo »

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #177 на: 09 Септември 2011, 20:00:24 pm »
Дополнителните опции се допунска опрема Брат, ќе треба да си доплатиш  ;D ;D ;D ;D






Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #178 на: 09 Септември 2011, 20:02:58 pm »
Цитат: DareBmw
  Еве едно прашање до сите , дали би го избрале ова http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=K1uchRJe6lU=&type=&new=&file=uxYFy7VMG7ObgS155d6dig==&q=mBoFQF96u/QcJFZhwTLyVFgP/sYqDiXhVUnoNCJAKnuWziomXhEcrvc9MjGg88Kz7LqfjW2dOfUdvQpkNm4Wxbg4VdqVyZRvxOEVKzOetsuJJBrb ERxQQ==
Или нов Голф ??


Нов Голф или некое друго ново ауто за тие пари, секогаш би биле мој избор.
 
Мене не ми е ни јасно како може да се јави дилема меѓу овие два типа на коли, на пример за Голфот викаат - него може и ѕидар и што ја знам, некој бизнисмен да го вози.

А ова со мечево, ме подсеќа на еден мој другар адвокат кој беше опнал еден куп пари за мобилен (а знам дека не е пациент за мобилни) и кога го прашав - што вака, ми одговара, абе јеби га идам на состаноци, ми влегуваат клиенти.....итн, мораш некој впечаток да им остаиш дека си успешен, и скапа кола зеде на лизинг за да му стои пред канцеларија - едноставно тие нешта му се потребни за да биде преставителен и него го разбирам, и единствено во вакви ситуации, би ги сватил луѓето што се решааваат толкави пари да дадат за половен Мерцедес или БМВ отколку за нов Голф, Астра .......итн.

Него кога го спомнав БМВ-то и кога ќе видам колку млади луѓе купија БМВ ми текнуе на две нешта, па место да пишувам еве два клипа и се е кажано






п.с. Дај средето го ова со цитирањето (поедноставете го), има и старци на форумов ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #179 на: 09 Септември 2011, 20:45:10 pm »


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Во контекст на темата, ипак мислам дека подобар избор е GT 4-5 години старо за околу 10 000 евра отколку ново MiTo. Јес да немам ништо против МiTo. Таков беше случајот и со 155 та, за тие пари имаше нова 145 со 1.4 Т.S.

Ако си спремен да дадеш уште 2.000 на тие 10.000, ОК, ке ја доведеш во колку-толку „as new“ состојба.
Да не ги забораваме тие трошоци. Другото е се` ОК. Јас кога би имал пари за ново GT (едно време испив премногу кокаколи ама не ми падна мене, за жал), не би погледнал стара Brera.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.