Според мене ова прашање е многу покомплексно од што на прв поглед изгледа. Дилемата може засекогаш да остане ако на работите гледаме црно-бело. Екстремни примери од типот дека некој купил кола на старо па остарел од неа

има, како што има и такви кои културно отишле во салон, и за несрека налетале на „lemon-car“
http://en.wikipedia.org/wiki/Lemon_%28automobile%29 Полошо од да ти се расипе стар автомобил е да ти се расипе нов автомобил.
Но како и да е, екстремните случаи кои ги прераскажуваме се одлични за да се пренесе поентата, но тие во никој случај не ја отсликуваат реалноста која како и секогаш е некаде на средина.
А за да го покажам тоа ке направиме една анализа:
Од сите кои имаат потреба и можност за автомобил, претпоставувам 70% се под лимитот од 7000 евра, со кои вероватно може да се купи автомобил од салон.
Од друга страна некои 5% имаат неколкукратно повеќе од долниот лимит така да и за нив оваа дилема е безпредметна.
Значи ни останаа некои 25% мачни души на распетието меѓу желбите и можностите. Од анализата ги отфрлам оние кои планираат помош од страна (кредит, лизинг, ...) затоа што за нив ионака нема дилема, за нив проблемите ќе бидат од поинаков карактер, а тоа е вредно за некоја нова тема.
Оставме на некои 25% со спремен кеш од 10-20.000 евра. Бидејќи и јас едно време бев во таа група еве ги моите размислувања и препораки:
- За тие што тековно немаат автомобил, препорака е НОВ. Едноставно ве притиска потребата, немате време на располагање да си трчкате по огласи, плацеви и пријатели, да ја согледате реалната понуда и начекате релативно нов (2-3 год), солидно одржуван и неудиран автомобил.
- За тие е што посакуваат 3 класи поголем автомобил од можностите (пример: кеш за Поло, а мерак за А8), препорака е: закочете и уште одма во првиот салон. Во спротивно ќе се одлучите за стар, извозен и истрошен автомобил, кому му дошло времето за обемни сервиси, а на повисоките класи тоа значи колку Корса или Клио од 2005 !!!
- За тие што немаат никакво искуство и познавање на автомобили, механика и техника - салон му е мајката. Не дозволувајте за исправноста на возилото да ви гарантира и да ве носи на душа пријател, механичар или комшија кој има познавања. При купување на старо, секогаш постои ризик, затоа и се вели: „Мачка во врека“.
Ако не сте во ниту една од претходните групи дозволете времето да работи за вас. Не избрзувајте и не залетувајте се на првиот светкав автомобил со кожен ентериер, алу-бандаши и јако озвучување. Понекогаш токму вонсериските додатоци и модификации треба да ве оттргнат наместо привлечат. Не залетувајте се по многу опрема - навигацијата е COOL, но ако возите низ Македонија и најновите мапи имаат 4 булевари во Скопје без улични броеви, а слично е и за нашето соседство - ќе ги искористите најмногу во Западна Европа, се разбира ако патувате.
Не им верувајте на приказните на препордавачите дека автомобилот го возела жена, дедо или баба само во недела и до Лидл. Верувајте само на НЕФАЛСИФИКУВАНА сервисна книшка. Не дозволете да заслепите од желбата да го купите и да ги игнориратате и навидум очигледните работи за состојбата на автомобилот.
Разгледувајте смирено и без возбуда, еуфоријата на почеток често се претвора во разочурање на крајот. Ако е можно, преспијте, одложете ја одлуката неколку часа или за наредниот ден, за да ви се смират хормоните.
Особено внимавајте ако бојата е свежа, ако одредени делови се видливо почисти од останатите, ако моторот е свежо перен. На тој начин се маскирани сите недостатоци. Приметете ги сите гребнатинки на лакот, оштетувања на ентериерот и стаклата. Ако се мали не треба да ве одбијат од купувањето ама ќе помогнат како аргументи за симнување на цената.
Според мене најдобро е да се држите во класата на автомобил за кој имате пари во кеш (остатокот ќе го потрошите на уживање во прошетки со семејството и пријателите) или најмногу една класа погоре (ако имате пари за ново Пежо 207 не одете на повисока класа од Пежо 308 на старо).
Оптималното возило треба да е старо до 3 години и да има 40-60.000 км.
Да го продава сопственикот, наместо „прв братучед“, „внук“ или „вујко“ и да живеел во урбана а не во рурална средина.
Според изгледот на сопственикот можете многу повеќе да заклучите околу експлоатацијата на возилото отколку од неговите „искрени“ зборови.
Потргата по добар половен автомобил може да трае месец, два па и повеќе.
Ако сте во можност да ги следите овие препораки барајте половен. Кој не ризикува неможе ниту да добие, нели? Па и во тоа има одредена драж.
А можете да добиете повеќе воздушни перници и завеси, АБС, ЕСП - и други додатоци од ЖИВОТНА важност.
Почетната инвестиција ќе ви биде помала и помалку ќе губите од вредноста што сте ја платиле, па кога ќе ви здосади и ќе одлучите да го продадете може да се случи да не сте изгубиле ниту половина од тоа што го изгубил првиот сопственик.
Се потрудив да пренесам искуство, затоа што следејќи ги горните начела, досега не сум имал значајни проблеми со половно возило и нивното одржување се сведувало на тековно исто како и со ново.
Срека во изборот на сите, без разлика за каков автомобил ќе одлучат.