Доколку финансиите дозволат, секогаш би земал нова кола пред половна. Да, новата кола е секогаш неоправдано поскапа, но може да се гледа и од другата страна - дека секогаш половната кола е неоправдано ефтина.
Е сега.. Моето рационално (барем според мене) размислување ми ги налага следниве предности на земање нова кола.
1. 3-5 години гаранција. Тоа значи дека 3-5 години нема да размислувам за непредвидени трошоци околу колата доколку нешто и се случи или нешто се расипе. Да, обврзан сум да одам во официјален сервис за редовно сервисирање, и тоа е скапо, но ако се земе во предвид цената на возилото (ајде да речеме 20к еура), тоа навистина не ми е проблем. Мирна глава.
2. Ја знам целосната историја на возилото. Знам дека не е удирана, знам дека е редовно сервисирана, знам дека гумите никогаш не виделе ивичњак, дека све си работи како што треба, знам дека немала никаков проблем. Едноставно, го знам возилото, и никогаш нема да ми биде страв да тргнам на подолг пат. Кај половно возило, па макар го земал и од наблизок пријател или роднина, скоро никогаш нема да ја знам целата историја на возилото.
3. Прв сум си прднал у седиште.
4. Кај нас во Македонија е нормално возилото откако ќе го купиме, да го возиме 10-12 години, и да го продадеме после 10 години за смешни пари. Во Европа, скоро и да не е така. Во Германија, стандардна навика е да се купи ново возило, да се вози 2 години, и да се продаде со минимална загуба на вредност. Да речеме дека загубата е 25% од цената на возилото. По 2 години, возилото што сум го купил за 20.000 евра, ќе го продадам за 15.000, ќе додадам уште 5, и ќе си купам ново. Пак нова кола. (Не се фаќајте за бројкиве ко слеп за стап, не мора да се точни, само давам сосема реален пример.) Искрено, доколку можам, на секои 2 години да давам 5000 евра за ново ауто, пре би тоа, него за старо. Математиката е тука некаде.
5. Цените на новите автомобили во моментов се ДАЛЕКУ од надувани. Заради светската криза, сите сакаат да продадат колку што можат повеќе возила, и даваат навистина добри попусти и услови. Цените по каталог се надуени, но во салон е сосема друга приказната. Како конкретен пример ќе наведам попуст добиен кај еден од скопските импортери на возила, каде што возило кое каталошки се продава за 57.000 евра, се продаде за 42.000.
Од друга страна, ако купувам мало, градско возило, тогаш сигурно ќе одам на половно автомобилче. Но ако купувам автомобил што треба безбедно да ме однесе 2000 километри од Скопје, секогаш ќе изберам нов. Заради гаранцијата (и заради мобилната гаранција која сега скоро сите производители ја даваат), заради мирната глава, и заради знаењето на историјата на возилото.
Мобилна гаранција е бесценета за тие што патуваат далеку. Пример - купувам половен мерцедес стар 5 години за 20.000 евра. Мерцедесот е одличен, и се решавам да одам до Германија со него. По пат, на Мерцедесот нешто му се случува, и јас сум заглавен во некоја вукојебина, каде што опциите ми се да платам скап сервис за да се отстрани кварот, или да ја оставам колата на лице место, да земам рентано возило, и да продолжам со патот, откако ќе платам хотел (ако е потребно), итн итн итн.
Пример 2. Купувам некаков друг нов автомобил со мобилна гаранција. Го возам автомобилот до Германија. На автомобилот нешто му се случува. Производителот доаѓа, на негов трошок го зема и го сервисира возилото, мене ми обезбедува хотел (платен), и ако возилото се задржува повеќе од 24 часа во сервис, ми обезбедува заменско возило да можам да си продолжам со патувањето.
На крајот на денот се сведува на потребите и намената на возилото. Стратро, ги спомна Top Gear. А зашто не спомнеш дека после 2 епизоди, кажаа дека Кларксон дал уште 1200 фунти (или колку и да беше), за да смени не-знам-што на Мерцедесот.
Е тука е ризикот.