Автор Тема: Половна кола VS Нова кола?  (Прочитано 105726 пати)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Половна кола VS Нова кола?
« на: 07 Септември 2011, 08:33:32 am »
Половен Mercedes CDI 220 Avantgаrde 2008 VS Нова Opel Insignia 2011?

Низ секоја тема за нова кола се спомнува, да имав толку пари, друго нешто ке возев ...
Зошто би купиле нова кола пред 2-3 години постара, и обратно ...

Мое гледиште, секогаш би купил половна кола пред нова ...

Причини
- Надувана цена на новите автомобили
- 5 години сервисирање во овластен сервис
- Фактот дека во старт се губи 10-15 % од вредноста на колата ...

бла бла и така натака ...

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #1 на: 07 Септември 2011, 09:19:37 am »
Top gear, Season 17 Episode 3.

...couldn`t agree more.

http://swagthegame.com/video/OW7MMA5OMX8Y/Top-Gear-Season-17-Episode-3

« Последно менување: 07 Септември 2011, 09:43:17 am Stratro »

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #2 на: 07 Септември 2011, 09:29:43 am »
Има луѓе што не можат да помислат на старо кола.
На пр. јас.  Не можам да се помирам со фактот дека некој, седел пред мене, ја користел колата, ја еб*авал, како сака.....
И покрај тоа што ќе видиш дека добро изгледа и можеби го знаеш човекот на предходното возило, пак ми е језиво и не можам да се подмирам со тие работи....
Што да правам, можеби ми е некоја моментална состојба, ама така се осеќам....

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #3 на: 07 Септември 2011, 09:36:08 am »
Ako kolata izgleda ebavana, nema da ja zemam. AKo e top zustand, why not.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #4 на: 07 Септември 2011, 09:51:34 am »
Половен Mercedes CDI 220 Avantgаrde 2008 VS Нова Opel Insignia 2011?

Низ секоја тема за нова кола се спомнува, да имав толку пари, друго нешто ке возев ...
Зошто би купиле нова кола пред 2-3 години постара, и обратно ...

Мое гледиште, секогаш би купил половна кола пред нова ...

Причини
- Надувана цена на новите автомобили
- 5 години сервисирање во овластен сервис
- Фактот дека во старт се губи 10-15 % од вредноста на колата ...

бла бла и така натака ...


Се е психологија, се додека колата ќе ја гледаш како превозно средство, нема да имаш вакви размислувања :D . Меѓутоа ако сакаш емоционално да се врзеш со неа, тогаш можеш да помислиш и да ја обележиш истата со „мокрење“ (налик мачорите) за да се знае дека е ТВОЈААААА !!!! ;D ;D ;D

Се шалам, мислам дека во денешно време, изборот на нова или половна е се потежок. Не ми е јасно само дали се работи за иста сума на потрошени пари на половно и ново како што спомена.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #5 на: 07 Септември 2011, 10:30:20 am »
Има луѓе што не можат да помислат на старо кола.
На пр. јас.  Не можам да се помирам со фактот дека некој, седел пред мене, ја користел колата, ја еб*авал, како сака.....
И покрај тоа што ќе видиш дека добро изгледа и можеби го знаеш човекот на предходното возило, пак ми е језиво и не можам да се подмирам со тие работи....
Што да правам, можеби ми е некоја моментална состојба, ама така се осеќам....


+ 10000000000000000000000000000000000000000000

Сум имал и на старо купени а сум купувал и на ново.

Неспоредлив е филингот на новата кола.

Ако гледаш колку губиш, немој да купуваш тогаш!

Вози си точак, ем пари ем здравје ќе имаш.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #6 на: 07 Септември 2011, 10:42:44 am »
Istoto sto go pisal Sportex samo obratno.
Primerot na Tommy i toa sto naceka/kupi treba da e dovolen.

Golfot Edition 30 ili nov Lancer 2.0 dizel?
Ne me smejte.


Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #7 на: 07 Септември 2011, 10:49:06 am »
Нова пред половна во повеќето случаи.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1083
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #8 на: 07 Септември 2011, 10:52:57 am »
се си има свои предности и слабости, незаменливо е чувството кога ќе седнеш во нова кола,

ама кога ќе помислам какви се гомна продаваат во нашава држава од шесторазредни коли што не поминуваат
никакви стандарди во развиените земји, квалитетот тука и да речеме ново во германија воопшто не е ист,
па до синот внукот братот што ја земал да ја проба и се иживљавал и накрај ја опнал некаде,
за на крај поправена да ти ја продаваат како нова, што се докажало незнам веќе колку пати.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1083
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #9 на: 07 Септември 2011, 10:54:05 am »
а за споредбата горе, увек мерцедес пред опел, во мојов случај БМВ  ;)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34290
  • Таков е животот... јебига
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #10 на: 07 Септември 2011, 11:23:24 am »
Ako kolata izgleda ebavana, nema da ja zemam. AKo e top zustand, why not.
Можеш ли да приметиш Мерцедес дали е ебаван?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34290
  • Таков е животот... јебига
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #11 на: 07 Септември 2011, 11:25:43 am »
Цената на редовниот сервис на Мерцедесот мислам дека чини бајаги повеќе. После 3-4 години на мерцедесот му стасува време за поголеми сервиси кои ќе коштаат повеќе.

Инсигниата ако ја земеш  сега освен масло во следните 4 години не треба хауба да кренеш.
За кого како.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #12 на: 07 Септември 2011, 11:32:11 am »
Другарче, возев и ја Опел H, на 100 000 рикна сонда ради квалитетот на горивото, и 200 Јура ме чинеше ...

Така да тоа 4 години и не држи вода, барем во мојот случај ..

Ako kolata izgleda ebavana, nema da ja zemam. AKo e top zustand, why not.
Можеш ли да приметиш Мерцедес дали е ебаван?

И како таков мислам дека ке тера до 400 000 без поголеми дефекти ...
« Последно менување: 07 Септември 2011, 11:34:58 am Tommy »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #13 на: 07 Септември 2011, 11:56:35 am »
Доколку финансиите дозволат, секогаш би земал нова кола пред половна. Да, новата кола е секогаш неоправдано поскапа, но може да се гледа и од другата страна - дека секогаш половната кола е неоправдано ефтина.

Е сега.. Моето рационално (барем според мене) размислување ми ги налага следниве предности на земање нова кола.

1. 3-5 години гаранција. Тоа значи дека 3-5 години нема да размислувам за непредвидени трошоци околу колата доколку нешто и се случи или нешто се расипе. Да, обврзан сум да одам во официјален сервис за редовно сервисирање, и тоа е скапо, но ако се земе во предвид цената на возилото (ајде да речеме 20к еура), тоа навистина не ми е проблем. Мирна глава.

2. Ја знам целосната историја на возилото. Знам дека не е удирана, знам дека е редовно сервисирана, знам дека гумите никогаш не виделе ивичњак, дека све си работи како што треба, знам дека немала никаков проблем. Едноставно, го знам возилото, и никогаш нема да ми биде страв да тргнам на подолг пат. Кај половно возило, па макар го земал и од наблизок пријател или роднина, скоро никогаш нема да ја знам целата историја на возилото.

3. Прв сум си прднал у седиште.

4. Кај нас во Македонија е нормално возилото откако ќе го купиме, да го возиме 10-12 години, и да го продадеме после 10 години за смешни пари. Во Европа, скоро и да не е така. Во Германија, стандардна навика е да се купи ново возило, да се вози 2 години, и да се продаде со минимална загуба на вредност. Да речеме дека загубата е 25% од цената на возилото. По 2 години, возилото што сум го купил за 20.000 евра, ќе го продадам за 15.000, ќе додадам уште 5, и ќе си купам ново. Пак нова кола. (Не се фаќајте за бројкиве ко слеп за стап, не мора да се точни, само давам сосема реален пример.) Искрено, доколку можам, на секои 2 години да давам 5000 евра за ново ауто, пре би тоа, него за старо. Математиката е тука некаде.

5. Цените на новите автомобили во моментов се ДАЛЕКУ од надувани. Заради светската криза, сите сакаат да продадат колку што можат повеќе возила, и даваат навистина добри попусти и услови. Цените по каталог се надуени, но во салон е сосема друга приказната. Како конкретен пример ќе наведам попуст добиен кај еден од скопските импортери на возила, каде што возило кое каталошки се продава за 57.000 евра, се продаде за 42.000.

Од друга страна, ако купувам мало, градско возило, тогаш сигурно ќе одам на половно автомобилче. Но ако купувам автомобил што треба безбедно да ме однесе 2000 километри од Скопје, секогаш ќе изберам нов. Заради гаранцијата (и заради мобилната гаранција која сега скоро сите производители ја даваат), заради мирната глава, и заради знаењето на историјата на возилото.

Мобилна гаранција е бесценета за тие што патуваат далеку. Пример - купувам половен мерцедес стар 5 години за 20.000 евра. Мерцедесот е одличен, и се решавам да одам до Германија со него. По пат, на Мерцедесот нешто му се случува, и јас сум заглавен во некоја вукојебина, каде што опциите ми се да платам скап сервис за да се отстрани кварот, или да ја оставам колата на лице место, да земам рентано возило, и да продолжам со патот, откако ќе платам хотел (ако е потребно), итн итн итн.

Пример 2. Купувам некаков друг нов автомобил со мобилна гаранција. Го возам автомобилот до Германија. На автомобилот нешто му се случува. Производителот доаѓа, на негов трошок го зема и го сервисира возилото, мене ми обезбедува хотел (платен), и ако возилото се задржува повеќе од 24 часа во сервис, ми обезбедува заменско возило да можам да си продолжам со патувањето.

На крајот на денот се сведува на потребите и намената на возилото. Стратро, ги спомна Top Gear. А зашто не спомнеш дека после 2 епизоди, кажаа дека Кларксон дал уште 1200 фунти (или колку и да беше), за да смени не-знам-што на Мерцедесот.

Е тука е ризикот.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Половна кола VS Нова кола?
« Одговори #14 на: 07 Септември 2011, 12:01:15 pm »
мое мислење и моја одлука е кола на старо,заради:
-да купиш кола на ново со фул опрема е премногу скапа (пример Рено Клио со топ опрема и со појак мотор би одело некаде околу 15К),а истото тоа Клио за 3-4 години,со не многу километри поминати ке го земиш за 8К.....
-патиштата ни се катастрофа
-дилерите на новите возила од секој аспект гледаат како да ти го закачат  ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D