Здраво друштво. Долго време го следам форумов па конечно решив да се зачленам и да го покажам моето возило.
Како што кажува насловот станува збор за првата генерација на Ford Focus, поточно Mk1.5 фејс лифт модел. Во себе носи 1.6 литарски мотор кој развива 74kw/100 КС. Купен од прв газда со 19.000 км.
Челичните фелни воопшто не одговараа, па дојде ред за 15 инчни алуминиумски фелни.
Потоа следува затемнување на штопови.
Но по мала незгода, 15 инчните фелни мораа да се заменат. Следно, 16'' и нови гуми.
Изборот на гуми падна на Nexen n6000, од кои не можам да се пожалам, но потребно е внимателно возење при влажни услови.
За крај, затемнување на стакла и додавање на 6000к ксенон светла.
Автомобилот моментално има 42.000 километри, а четвртиот сервис е направен пред неколку дена.