Автор Тема: Fiat Grande Punto  (Прочитано 3717 пати)

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1414
Fiat Grande Punto
« на: 08 Декември 2015, 01:38:15 am »
Се работи за Гранде Пунто 1.2. Од 2007 година е, меѓутоа го развозев од летово навака (иако јас се грижам за него) па затоа еве да го паркирам у гаражава.
Лесно се вози и одржува, малку троши, малку иде, стегнато е и убаво изгледа. Госпожата имаше право дека да не зборам дека сум правел работи за неа, туку сум си го напраил за мене, машко.
Бандажи и радио не го прават машко.... ама дека си ја направив за да го возам да :)

Опрема стандард, две перничиња АБС, електрика на прозори и ретровизори, централно со далечинско, клима, и додатно ставени сензори за паркирање, алуминиумски тркала и радио мп3.
Моторот е слаб ама барем троши окулу 7 литри градска.
План ми е да набавам нов волан, по можност кожен со аудио команди, зашто и поубаво ќе изгледа и радиово има поддршка за командите.
Тоа е у главном, еве и слики:
 



Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Fiat Grande Punto
« Одговори #1 на: 08 Декември 2015, 02:23:59 am »
Турбо не сакаш? ;D

За да ти работат командите на волан ќе треба да бараш и фабричко радио, треба и двете да се побараат на оглас. Можно е да има и низ гр.

Инаку и топчето на менувачот да го смениш со кожно ќе дојди супер

П.с - предлог, исфарбај ги барем капачињата од ретровизорите во боја на колата. Рачките се малку позезнати, сака трпение
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Fiat Grande Punto
« Одговори #2 на: 08 Декември 2015, 08:05:54 am »
Првото, убавото Гранде Пунто. После тоа со милионте фејслифти почнаа само поружни и поружни да ги прават.

И јас би ги шприцнал кваките и ретровизорите, и евентуално би ги шприцнал еднобојни (светло-сиви) бандажите.

Многу сакав вакво на времето!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Grande Punto
« Одговори #3 на: 08 Декември 2015, 10:08:30 am »
Со здравје да се вози. Убаво аутце.
Што се однесува до командите на воланот, колку што знам тие се закачени на can-bus магистралата, треба да се види дали ќе ти (сигурно ќе ти) треба и поврзувањето низ ракета. Јас мислам дека не е тоа главната придобивка на кожен волан, иако е добро да се има. Изгледот на кожен волан е побитен, а осетот во рака најбитен :)
Ако успееш да најдеш од 500 Abarth воланче, многу добро ќе изгледа, ама и стандардниот Grande Punto Abarth кожен волан е солиден. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг:
« Одговори #4 на: 08 Декември 2015, 10:49:16 am »
Ова е тоа што се врти по Скопје регистрирано како 1.2 а е со 2.4 турбо мотор, така?

Отсутен MarkoS

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 207
Одг:
« Одговори #5 на: 08 Декември 2015, 10:59:00 am »
Супер количе ја порано сакав вакво бензинче да земем да му стаем плин и како точак да го возим... Со здравје да те служи

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1414
Одг: Fiat Grande Punto
« Одговори #6 на: 08 Декември 2015, 20:33:34 pm »
Ова е тоа што се врти по Скопје регистрирано како 1.2 а е со 2.4 турбо мотор, така?
Незнам со точност да ти кажам. Некои мучки правев со царина пошто сум бизнисмен ама ќе го прашам таткоми па ќе ја скенираме сообраќајната или фактурата сеедно.
Турбо не сакаш? ;D
Сакам

И јас би ги шприцнал кваките и ретровизорите, и евентуално би ги шприцнал еднобојни (светло-сиви) бандажите
Кваките и ретровизорите ми се обави црни. Беа избледени ама ги опраив со средство. Бандажите се добри као за зимски гуми. Не ми се ептен по ќеф ама не би пипал сеа тоа. Ако нешто фарбам тоа е цела кола.



Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Fiat Grande Punto
« Одговори #7 на: 08 Декември 2015, 22:20:12 pm »
Koe sredstvo go koristese?
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Fiat Grande Punto
« Одговори #8 на: 08 Декември 2015, 23:07:56 pm »
Убаво количе! Со здравје да се вози!
Ми текнува... 2006/07, татко ми сакаше да си купи вакво за да се вози по градот. Основната верзија ја рекламираа тогаш по некоја многу прифатлива цена, окоу 9000 евра мислам беше... Ама заради годините и видот се откажа, поубаво му е да го вози некој :)
Убави ми се, симпатични. Ова твоето изгледа ептен убаво со бандашите.

Присутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Fiat Grande Punto
« Одговори #9 на: 09 Декември 2015, 14:52:17 pm »
Ова е тоа што се врти по Скопје регистрирано како 1.2 а е со 2.4 турбо мотор, така?
Незнам со точност да ти кажам. Некои мучки правев со царина пошто сум бизнисмен ама ќе го прашам таткоми па ќе ја скенираме сообраќајната или фактурата сеедно.
:D