Се мислев дали постов да го ставам во ваа тема или во темата за overlanding, ама нека стои тука.
При крајот на минатиот месец, се направи една тура од 9 дена и 2220 километри.
Ден 1 (24ти јули, петок) Велес-Шамац, Босна и Херцеговина. Се тргна утрото околу 5 часот и беа поминати близу 700 километри, со 2-3 паузи за јадење, кафе и дополнување гориво.

Ден 2. Вториот ден беше резервиран за собир, во продолжение слики од дел од возилата кои беа присутни, а имаше стотина возила од сите простори на екс-ју.

















Ден 3 (Шамац-Сараево-Мостар-Благај). Третиот ден се извозија околу 360-370 километри од Шамац до Благај каде што останавме две вечери во камп Благај.




Ден 4 беше резервиран за разгледување на Благај и Мостар


Ден 5 (Благај-Херцег Нови-Котор-Буљарица ~240-50км) се продолжи надоле кон море, при што се извози цел которски залив и се сместивме во кампинг Маслина во Буљарица.




Ден 6 беше резервиран за плажа

Ден 7 (Буљарица-Острог-Жабљак-Златибор ~360-70km). Седмиот ден се посети манстирот Острог, при што крајна дестинација беше Златибор.





Ден 8 (Златибор-Врање ~360-70км).
Ден 9 (1ви август) беше резервиран за собир во Врање и после тоа за вожња до дома преку Прохор Пчињски поради големата гужва на Табановце


Се на се, предобра тура и одлични предели. Желба беше да влезат и Хрватска и Словенија во турава, но поради гужвите по граници оставив за некој нареден пат