Глет маса, бела боја ти е пакувана во 5кг. Прашкаста материја. Ја мешаш со вода (и малку поликолор стави), и добиваш смеша за на ѕид.
Подлога или грунд, ти течност, која се нанесува пред кречење, за да новиот поликолор полесно "фати" на веќе боено место. Ако не си временски ограничен, оди еден ден, изолирај со креп трака, и намачкај цел стан со подлога. Битно е подлогата да се суши 24часа. (има некои и со 12ч). И следен ден/виќенд, 2 раце поликолор и мирна бачка.
Како поскапа верзија на поликолор, го препорачувам полифлор екста. (1500ден е голема канта)
