Автор Тема: Мајстории по дома....  (Прочитано 131113 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #930 на: 01 Септември 2025, 14:00:10 pm »
Ако има пукнатини, со скалпер или шпакла да се убаво поткопа, па прво со радикол после со глет па шмиргла
Ако правиш сам, не штеди на материјал

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #931 на: 01 Септември 2025, 14:38:56 pm »
И јас кречев/кречам уште.
Препорака за максипол, бидејќи добро белее. Канта е 850 денари. Глет маса едно време се продаваше на мерење, ама сега се само вреќички од 5кг, 200денари. Ако имаш пукнатина, стави и мрежа. И купи си подлога за кречење, ако не е кречено одамна.

За продажни места, каде ти е најблиску. Сите имаат исти цени.
Што се мисли под „подлога“ за кречење, некој премаз? Глет маса ама бела ми треба, по можност готова (направена) или смеса слична на тоа
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 810
  • The best or nothing.
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #932 на: 01 Септември 2025, 17:08:28 pm »
Глет маса, бела боја ти е пакувана во 5кг. Прашкаста материја. Ја мешаш со вода (и малку поликолор стави), и добиваш смеша за на ѕид.

Подлога или грунд, ти течност, која се нанесува пред кречење, за да новиот поликолор полесно "фати" на веќе боено место. Ако не си временски ограничен, оди еден ден, изолирај со креп трака, и намачкај цел стан со подлога. Битно е подлогата да се суши 24часа. (има некои и со 12ч). И следен ден/виќенд, 2 раце поликолор и мирна бачка.
Како поскапа верзија на поликолор, го препорачувам полифлор екста. (1500ден е голема канта)  :)

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 246
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #933 на: 02 Септември 2025, 09:18:13 am »
За пукнатини не ти треба глет, ти треба радикол што се продава на кило(во Дака ќе најдеш се и поликолор и радикол), земи 5 кила(само не го прави наеднаш затоа што брзо суши) и ќе ги пополниш сите дупки во станот. Додека е воден е сив а ако го оставиш да исуши тотално белее, поликолорот без никаков проблем го покрива. За подлога за твојава ситуација не ти треба грунт туку обична У врска она ќе ги зацврсти сите прашинки на ѕидот и по неа можеш да обелиш.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #934 на: 02 Септември 2025, 09:30:05 am »
Не треба и мрежа ? Иначе сакам дома сам соба по соба ѕид по ѕид да ги преглетовам ѕидовите, на еден од нив има пукнатини ама се онака како влакно танки долги, само сњ гледаат линии не се ни осеќаат на нокт. Ќе треба лепак со мрежа или нема потреба ?
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7214
  • French diamond
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #935 на: 02 Септември 2025, 10:47:45 am »
Ќе се познават крпејнци на ѕидот после тоа, најубо лепак мрежа и имаш нов ѕид. Ако не се осеќаат на нокт, тогаш не би требало да има гајле, ваљда само фарбата е испукана. Излупија најубо прво стара боја со шпакла, ама бааѓи работа е то.
« Последно менување: 02 Септември 2025, 11:22:14 am n1kola »

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #936 на: 02 Септември 2025, 15:56:59 pm »
Не треба и мрежа ? Иначе сакам дома сам соба по соба ѕид по ѕид да ги преглетовам ѕидовите, на еден од нив има пукнатини ама се онака како влакно танки долги, само сњ гледаат линии не се ни осеќаат на нокт. Ќе треба лепак со мрежа или нема потреба ?

Пука глет маса обично ако е дебел слојот, или ако нема добро бандажиран спој. Ако е некаде на сред табла веројанто глет масата се подцепила. Ако е само глет, малце груба шмиргла  80ка да се одстрани стариот глет но само површински не натегај до картонот, и наново се глетува. Ако е околу бандаж траките ќе треба малце повеќе работа. Едно е сигурно, ако е дебел слојот на глет масата и ако нема структура како бандаж трака или мрежичка глетот ќе испука.

Едит: Радикол се користи ако е оштетна гипс картон плочата или може и во малетер но ако е пукнат само глетот Радикол не ти треба.

Отсутен tronon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #937 на: 03 Септември 2025, 09:59:03 am »
Дали некој има искуство со поставување на подна звучна изолација во куќа и кои материјали се погодни за тоа? Дали стиродур, стиропол прават изолација или има подобри материјали?

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #938 на: 03 Септември 2025, 10:08:18 am »
Минерална/камена волна е веројатно најдобриот материјал што ќе ти го реши ова. Она што е многу битно е да имаш пливачки под и дилатација помеѓу ѕидот и кошулицата, за да се намали преносот на звукот во соседни соби.

Отсутен tronon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #939 на: 03 Септември 2025, 10:18:16 am »
не сум сигурен дека те разбрав, кај мене веќе е преграден просторот на собите на горниот спрат и подот е масивна плоча која е прилично рамна и врз која можам да редам ламинат на пример. Оваа волна би се наместила врз плочата и врз неа би можело да се реди ламинат или треба и кошулица врз волната?
Едит: сакам да го намалам звукот од горниот спрат што би се слушал на приземјето

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #940 на: 03 Септември 2025, 10:38:20 am »
Мислам дека нема да може без кошулица да го користиш ова. Во случај на ставање ламинат барај квалитетна подлога која ќе го намали звукот, но нема да го имаш ова ниво на звучна изолација. Реално над бетонската плоча би било паметно да имаш барем 2-3 цм топлотна изолација + кошулица да не одиш директ на бетон. Ама тоа се планира кога се прави проектот да не испадне блиску таванот после.

Едит: Со малце Гугл и ЧатГПТ https://knauf.com/mk-MK/knauf-insulation/kompetencii/primena/izolacija-na-podot/postavuvanje-na-plivachki-pod-so-kamena-volna

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #941 на: 03 Септември 2025, 10:43:27 am »
Таванот и не е толку проблем во случајот. Јас повеќе би се загрижил за вратите и преминот во бањата.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #942 на: 03 Септември 2025, 10:52:13 am »
Се сече отвор за врата се оди нагоре во купатило во под, надолу е тешко да спушташ под плоча. Неќеш да знаеш како знам.
 

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3135
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #943 на: 03 Септември 2025, 13:58:50 pm »
Ке го оправите вие со гугле и чатгепете, не си станува мајстор,дај боже другар да не завршиш у дневна кај комшијата испод.Мајстор не се станува преку гугле и гепете додека на чело зној не избие и со пола гз да се влечеш по просторија не бидува мајстор така лесно...

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #944 на: 03 Септември 2025, 14:28:27 pm »
Велиш овие од Кнауф појма немаат, а? Дур не викнеш мајстор џабе читаш?