Кај мене, зградата е на 5 спрата и приземје(дуќан). Каде бил проблемот? Вертикалата на умијовалникот од 5-от спрат до 1-виот кај што сум јас, наместо да продолжила надолу покрај дуќанот под мене што се наоѓа и да оди на подрум, таа вертикала на 90 степена е свртена во просторијата на дуќанот и продолжува хоризонтално неколку метри и пак со коленка некаде свртено и излегува од другата страна на подрумот.
Решение? Многу едноставно. Продолжување на вертикалата под мене директо во подрум и инсталација на нова одводна мрежа, додека тој спорниот дел од хоризонталата кој е затнат со бигор а поминува преку плафонот на деловната просторија се става вон функција. Барам мајстори за ова интервнеција, инаку набрзинка најдов неколку онака како мрзливи ми делуваа, некои ми делуваа како несигурни..
Бараш мајстори,ама молиш господ да не најдеш
Кај ги бараше кажи ни,да не бараме и ние таму. Јас се понудив,ама поинтересно е да се пишува за проблемот, отколку да се реши. За тоа и е форумот уствари,за дискусии.
Од бигор нема да се затне цевката, туку ќе се затне од прашаци, маснотии, тврди предмети (кога реновираат луѓето си фрлаат во канализација парчиња шут и што ќе им дојде, и не знам тоа со киселина како би се разградило)
Штом сте го нашле проблемот, сега уште да го отстраните